Кремљ соопшти дека Русија продолжува со подготовките за разговори во Истанбул

May 13, 2025
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес потврди дека Русија продолжува со подготовките за мировните преговори со Украина, закажани за четврток во Истанбул, јавува Анадолу.

„Руската страна продолжува со подготовките за разговорите, што треба да се одржат во Истанбул в четврток. Тоа е сè засега, нема понатамошни коментари“, изјави Песков за време на прес-конференцијата во Москва.

Тој не ги откри имињата на членовите на руската делегација, а министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на претседателот Јуриј Ушаков се наводно меѓу потенцијалните лидери на делегацијата.

Предлогот за безусловни преговори во Истанбул го даде рускиот претседател Владимир Путин за време на прес-конференцијата во Москва во неделата.

Подоцна истиот ден, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потврди подготвеноста на Турција да биде домаќин на состанокот за време на телефонскиот разговор со Путин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

12 години затвор за смртта на Фросина – таткото бесен: Судот е мафија, одбраната ќе поднесе жалба

Следно

ММА спектакл во Скопје

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

Американските бродови „УСС Стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ Стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ Дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на

Попладнево нова блокада на патот Битола-Ресен

Патниот сообраќај на магистралниот пат А3 Битола – Ресен над населбата Баир во Битола од 14:30 часот е во прекин бидејќи во тек е јавен собир, информира попладнево Авто-мото сојуз на Македонија.

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје. „Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови

Проданоски со планови за целосна реконструкција на пазарот во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска, на пазарен ден, заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, изврши обиколка на градскиот пазар и оствари директни разговори со сограѓаните и пазарџиите. Градскиот пазар во
Go toTop