Кремљ соопшти дека подготовките за посетата на Путин на Туркије се во тек

January 23, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес потврди дека во тек се подготовките за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Туркије, јавува Анадолу.

Говорејќи на прес-конференција во Москва, Песков рече дека датумите на посетата ќе бидат објавени „во догледно време, штом претседателите ги финализираат“.

Минатата недела турските медиуми објавија дека Путин ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 12 февруари во Туркије, без да дадат никакви дополнителни информации.

Претходно денес руското Министерство за надворешни работи соопшти дека шефовите на руската и турската дипломатија разговарале за распоредот на билатералните контакти за време на состанокот во Њујорк вчера.

Во врска со видеото објавено од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) на социјалната мрежа X, во кое се повикуваат Русите да соработуваат, Песков рече: „Ова е всушност прилично вообичаена практика. Разузнавачките агенции низ светот многу често ги користат медиумите и социјалните мрежи за да регрутираат нови вработени.“

„Некој треба да ја извести ЦИА дека ВК (руската социјална мрежа) е многу попопуларна во Русија од забранетата Х, а публиката на ВК е многу поголема“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Струга поскапе водата, граѓаните: „Плаќаме за партиски вработувања!“

Следно

Пентагон нема повеќе пари за Украина, помош бара од сојузниците на САД

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop