Кремљ: Русија и САД сакаат решение за конфликтот во Украина

March 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кремљ денес соопшти дека и Русија и САД сакаат да постигнат договор за решавање на конфликтот во Украина, додека делегации од Москва и Вашингтон одржуваат нов круг билатерални преговори во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, јавува Анадолу, јавува Анадолу.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека постои заедничка подготвеност за мирно решавање на конфликтот, но нагласи дека сè уште има многу аспекти што треба да се разработат.

Тој потсети дека на агендата на разговорите е прашањето и за Иницијативата за извоз на жито преку Црното Море, како и сите теми поврзани со нејзиното можно обновување. Тој нагласи дека оваа тема ја предложил американскиот претседател Доналд Трамп, а рускиот претседател Владимир Путин дал согласност за нејзино разгледување.

Тој додаде дека Путин не ја сменил својата наредба до руските сили да не ги напаѓаат украинските енергетски инфраструктурни објекти и дека Москва внимателно ја следи ситуацијата, исто како и Вашингтон, кој може да донесе соодветни заклучоци.

„Рускиот претседател ќе биде веднаш информиран за резултатите од разговорите по нивното завршување“, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ ги даде овие изјави во време кога делегациите од Москва и Вашингтон одржуваат нова рунда билатерални разговори во саудискиот главен град Ријад, чија цел е да се постигне напредок во наоѓањето решение за конфликтот во Украина.

Состанокот има цел „главно да ги разработи изгледите за можно спроведување на добро познатата иницијатива за безбедноста на пловидбата по Црно Море“, рече помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков во изјавата на Кремљ на 20 март, осврнувајќи се на Иницијативата за извоз на жито преку Црното Море.

Иницијативата за извоз на жито преку Црното Море, потпишана во јули 2022 година во Истанбул од Туркије, ОН, Русија и Украина, беше насочена кон обновување на извозот на жито од украинските пристаништа, кој беше прекинат поради почетокот на војната во февруари 2022 година.

На 17 јули 2023 година Русија се повлече од договорот, наведувајќи дека нејзиниот дел не бил исполнет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дисциплинска постапка за полицискиот службеник чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син

Следно

Милевски: Велс е веројатно најсериозниот ривал откако сум селектор

Latest from Blog

Се претера и со „српскиот свет“ во Македонија – Цуле Покорни од СДСМ пишува соопштенија за Манасије Српски од ВМРО-ДПМНЕ

Чудно, зошто во секое соопштение на СДСМ мора да се хејта Вучиќ, да се хејтаат „ќаците“, да се хејта сè што е српско во Македонија и поради тоа маркирано како блиско до

Тејлор Свифт донираше милион долари во хуманитарни цели

„Фидинг Америка“ надгледува национална мрежа на банки за храна, народни кујни и локални програми за исхрана, пишува CBS News. Извршната директорка Клер Бабино-Фонтенот изјави дека организацијата е „исклучително благодарна“ за донацијата. „Оваа

Тејлор Свифт донираше милион долари во хуманитарни цели

„Фидинг Америка“ надгледува национална мрежа на банки за храна, народни кујни и локални програми за исхрана, пишува CBS News. Извршната директорка Клер Бабино-Фонтенот изјави дека организацијата е „исклучително благодарна“ за донацијата. „Оваа

Ѓорѓиевски: По долг застој продолжува изградбата на улицата „Љубљанска“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција
Go toTop