Милевски: Велс е веројатно најсериозниот ривал откако сум селектор

March 24, 2025
1 min read

Селекторот Благоја Милевски по дуелот во Лихтенштајн рече дека со оглед на ситуацијата во нашата земја, воопшто не го интересира како и на кој начин дојдовме до победата во Вадуц, туку најбитни се трите бода. Сега, против Велс ситуацијата е сосема поинаква. Противникот е силен, Велс доаѓа во Скопје по победа.

„Секако дека е Велс и тоа како анализиран. На повеќе мечеви. Мислам дека сме подготвени, треба да бидеме совршени на тактички план, во дисциплина, во тркачкиот дел, и максимален фокус, ако сакаме да дојдеме до поволен резултат. И пред мечот во Вадуц, а и сега мора да кажам дека емоциите не може да се скријат, тука се. Тешка е ситуацијата за сите, и за мене и за фудбалерите. Од тој аспект реков не очекува најтешкиот меч. Околностите се тие. Не можеме да ги смениме. Не сме фаворити, апсолутно не. Ранкингот нивен кажува многу. Тоа се играчи кои играат во Премиер лига, Француска Лига 1. Но во фудбалот не секогаш победуваат фаворитите. Реков и претходно дека утре мора да бидеме совршени, и на максимален фокус. Концентрација во сите делови од теренот, ако сакаме да бидеме на потребното ниво. Велс е многу веројатно најсериозниот противник одкако јас сум селектор. Тактички, тркачки совршена. Технички имаат голем напредок во последните години. Како ќе одговориме ќе видиме“ – рече селекторот Милевски на пресот пред утрешниот дуел во Скопје.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ: Русија и САД сакаат решение за конфликтот во Украина

Следно

Дисциплинска за таткото, кривична за синот кој со значката на таткото направил инцидент на скопската обиколница

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop