Кремљ: Напад од ненуклеарна држава со нуклеарна поддршка може да ја наведе Русија да употреби нуклеарно оружје

November 19, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека украинската употреба на ракети од Западот може да се смета за напад од ненуклеарна држава со нуклеарна поддршка, што потенцијално ја оправдува руската употреба на нуклеарно оружје, јавува Анадолу.

„Да, доктрината го дозволува тоа“, рече Песков на брифингот со новинарите во Москва, коментирајќи ја ажурираната нуклеарна доктрина, со која се проширени околностите под кои Русија може да користи нуклеарно оружје, потпишана ден од рускиот претседател Владимир Путин.

Портпаролот потоа го насочи вниманието на дел од доктрината, во која се вели дека секоја агресија врз Русија од страна на ненуклеарна држава поддржана од нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад.

Во врска со времето на објавување на доктрината, Песков појасни дека одлуката е однапред донесена: „Претседателот веќе изјави дека подготовката на овие измени е при крај“.

Опишувајќи ја ажурираната доктрина како „исклучително важна“, Песков ја нагласи нејзината цел во зајакнувањето на нуклеарното одвраќање.

„Таа има за цел да осигури дека потенцијалниот противник ја разбира неизбежноста од одмазда во случај на агресија против Русија или нејзините сојузници“, нагласи тој.

Во исто време, портпаролот повтори дека Русија отсекогаш го сметала нуклеарното оружје како средство за одвраќање, што треба да се користи само како последно средство.

Осврнувајќи се на американско-руските односи, Песков ја отфрли можноста за укинување на санкциите за сенаторот од Флорида Марко Рубио, номиниран од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за државен секретар, како чин на добра волја.

„(Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј) Лавров е исто така под санкции“, посочи Песков, нагласувајќи дека таквите работи мора да бидат реципрочни.

Рубио се соочува со санкции од Русија од мај 2022 година и од Кина од август 2020 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ќе се менуваат Законите за градба и урбанистичко планирање- со предлозите на Николоски до олеснета градба на училишта, градинки, болници…

Следно

Сан Марино пишува историја, но може да дојде и до – мундијалски бараж!

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни
Go toTop