Кремљ: Кривичниот случај против челникот на „Вагнер“, Пригожин, ќе биде отфрлен

June 25, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кривичниот случај против шефот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, ќе биде отфрлен и тој ќе замине во Белорусија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Анадолу.

Гаранција за заминувањето на Пригожин во Белорусија е зборот на рускиот претседател Владимир Путин, нагласи Песков.

Властите нема судски да ги гонат припадниците на „Вагнер“ што учествуваа во бунтот, со оглед на нивните заслуги на линијата на фронтот, рече тој, и додаде дека борците на „Вагнер“ што не учествуваа во вооружениот бунт можат да потпишат договори со руското Министерство за одбрана.

„Москва високо ги цени посредничките напори на Лукашенко“, рече Песков“, истакнувајќи дека „специјалната воена операција“ во Украина ќе продолжи.

Сите тенкови, тешка опрема и борците на „Вагнер“ ја напуштија територијата во близина на седиштето на Јужниот воен округ, јавија руските државни медиуми.

Во петокот „Вагнер“ ги обвини руските сили дека ги напаѓаат нивните борци, а потоа од Украина премина во рускиот град Ростов на Дон.

Како одговор, Федералната служба за безбедност почна кривична постапка против нив за вооружен бунт. Путин го нарече бунтот на Вагнер како чин на „предавство“.

Лидерот на паравоената група, Евгениј Пригожин, рече дека неговите борци ќе тргнат кон Москва, што го натера Кремљ да ги зајакне безбедносните мерки во различни региони во земјата.

Подоцна Пригожин рече дека неговите борци решиле да се вратат назад за да избегнат крвопролевање кога биле на околу 200 километри од руската престолнина Москва, додека белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека разговарал со челникот на „Вагнер“ со согласност на Путин и дека Пригожин прифатил договор за деескалација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што е повечно: парите или хемикалиите?

Следно

Белград и Приштина со меѓусебни обвинувања за возилото со арсенал оружје на северот на Косово

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на
Go toTop