КРАТОК ФИЛМ ЗА ЗБОРЛЕСТИОТ ПАПАГАЛ НА ТИТО ОСВОИ НАГРАДА НА БЕРЛИНАЛЕ

February 22, 2025
1 min read

„Коки, чао“, краткиот еспериментален документарец за 67-годишниот какаду папагал што зборува чиј поранешен сопственик бил лидерот на Југославија Јосип Броз-Тито, ја освои наградата за филмска режија КУПРА на Берлинале, што завршува вечерва. Холандскиот 11-минутен филм на режисерот и сценарист Квентон Милер во косценарио со папагалот Коки и Мишо Антаџе, за главен лик го има папагалот како негова централна креативна фигура.

Коки беше дел од пакетот за дипломатија и забава на островите Бриони, место на летната резиденција на Тито и клучна локација за време на Движењето на неврзаните. Шоуто на Коки сè уште продолжува на Бриони каде што е затворен во кафез за јавен приказ за туристите. Филмот со снимки направени со Коки во текот на четири години и претходно невидени снимки и слики од државните архиви, спојува фрагменти од животот на Коки на Бриони за време на државните посети на политичките фигури, меѓу кои и Никита Хрушчов, Сукарно, Чаушеску и Индира Ганди, како и познати личности како Орсон Лорсон.
Филмот имаше светска премиера во селекцијата за кусометражни филмови на годинешното Берлинале.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тутунопроизводителите бараат нов Закон за тутун за забрана на увоз на ароматичен тутун

Следно

Претседателката Сиљановска во посета на МАНУ

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop