КРАТКИОТ „НЕМИ ФИЛМОВИ“ НА КРСТЕ ГОСПОДИНОВСКИ ЌЕ ИГРА ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА НАГРАДИ НА ФЕСТИВАЛОТ ЗА АНИМАЦИЈА ВО АНЕСИ

April 6, 2025
1 min read

Краткометражниот анимиран филм „Неми филмови“ на Крсте Господиновски ќе игра во селекцијата за награди на водечкиот светски фестивал за анимирани филмови во Анеси, Франција, од 8 до 14 јуни. Ќе игра во селекцијата Перспективи, а за наградите за краток филм е во конкуренција со вкупно 72 дела од 40 земји во неколку програми за оваа категорија. Ова е првиот македонски филм по „Адам“ на Петар Глигоровски од 1977 кој е во официјалната селекција на Анеси, фестивал основан во 1960. Целокупната фестивалска програма на 64. издание е избрана од 3.900 филмови пријавени од сите континенти.

По сценарио на Крсте Господиновски, Жарко Иванов и Димитар Димоски, кое е инспирирано од истоимениот расказ на Димитар Димоски награден на книжевниот конкурс на „Нова Македонија“, „Неми филмови“ е во продукција на „Фокус покус филмс“ и „Флип бук продакшнс“ поддржан од Агенцијата за филм. Ова е трет кус анимиран филм на Господиновски, по „Готлиб“ од 2018 и „Змијулче“ во 2020.

Според продукцијата, филмот е приказна за едно мало кино на залезот на немото доба, каде една поранешна филмска ѕвезда, маскирајки ја својата згасната слава, решава да проектира исклучиво неми филмови. Неговиот син спокојно расне во овој илузорен свет, несвесен за промените што се одвиваат вон неговите ѕидови, сè дури едно необично откритие не ги разниша неговите уверувања, нарушувајќи го веќе кревкиот однос со татко му. Филмот е изработен во техниката куклена стоп анимација, а специфичен е што целиот е во еден непрекинат кадар.

Жарко Иванов е директор на анимација заедно со Гоце Господиновски, кинематографијата е на Горан Наумовски, Димо Попов и Крсте Господиновски, дизајнер на звукот е Горан Петровски, композитор е Владимир Лукаш, сценографијата е на Крсте Господиновски, Викторија Динева и Тамара Радојковиќ која е и асистентка на режија.

Продуценти се Димитар Димоски и Дарко Попов, а копродуценти се Жарко Иванов од „Флип бук продакшнс“, Раду Николае и Дорин Стелеску од „Опал продакшн“.

„Неми филмови“ претходно ќе игра и во селекцијата Светска панорама на 53. Анимафест Загреб од 2-7 јуни, а продукцијата најави дека наскоро ќе има и македонска премиера.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата одзеде десет возила поради диви трки и бучава на „Трета македонска бригада“

Следно

Забрана за тешки товарни возила поради снег на преминот Стража и на патниот правец Маврово-Дебар

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop