Крамарска во Аргумент плус: Очекувам Трамп да ги седне на маса Русија и Украина

January 20, 2025
1 min read

Новинарката Соња Крамарска во Аргумент плус рече дека со доаѓањето на Трамп очекува пресврт во војната меѓу Русија и Украина но не очекува големи пресврти во поглед на Балканот.

„Мислам дека Трамп ќе ги седне на преговарачка маса Русија и Украина бидејќи оваа војна трае предолго. За нас најважно е како ќе се позиционира новата администрација во поглед на нашето најважно прашање а тоа е ЕУ“, рече Крамарска и додаде дека очекува средбата меѓу Русија и Украина да биде во Турција бидејќи и двете држави имаат пријателски однос со Турција.

Според неа новата администрација на Трамп иако има зацртани свои цели и планови потребно е да се фокусира и на традиционалното водење на државата бидејќи правењето отстапки може да влијае негативно.

„Во кабинетите на административците на Трамп веќе ги чекаат нивните обврски кои имаат традиционална позадина.  Ако ја сменат политиката тоа ќе предизвика политички земјотрес“, додаде Крамарска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД

Следно

Министерот Ристовски со цврсти аргументи ги разобличи нападите од опозицијата

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop