Крај на доминацијата на Баерн во Бундеслигата? Борусија се поблиску до титулата

May 20, 2023
1 min read

Баерн е блиску до губење на титулата германски шампион, првпат по 2012 година. Во претпоследното коло во Бундеслигата, Баварците на домашен терен загубија од третопласираниот Лајпциг со 1:3 и со тоа и овозможија на Борусија Дортмунд да го заземе првото место во недела.

Борусија има бод помалку од Баерн, но и натпревар помалку – во недела гостува кај Аугсбург, клуб кој се бори за опстанок. Во последното коло Баерн гостува во Келн, а Борусија го пречекува Мајнц. Борусија сигурно би била шампион со две победи во последните две кола, а во случај на ист број бодови шампион ќе биде Баерн поради многу подобра гол разлика.

Баерн поведе против Лајпциг со голот на Серж Гнабри во 25. минута, за гостите да направат голем пресврт во вториот дел. Најпрвин Конрад Лајмер погоди за 1:1 во 65. минута од одличен контранапад, а потоа Лајпциг победи со головите од пенал. Во 76. минута успешен изведувач беше Кристофер Нкунку, а десет минути по Зомер, Доминик Шобошлаи биеше од пенал за конечни 3:1.

Со оваа победа, прва досега на Алијанц Арена, Лајпциг го обезбеди третото место и пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Унион Берлин и Фрајбург, кои имаат по 59 бодови, четири помалку од Лајпциг, ќе се борат за четвртото место, последното кое води во Лигата на шампионите. Унион го пречекува Вердер, а Фрајбург гостува кај Франкфурт.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдени остатоци од спортскиот авион што денеска се урна во Хрватска

Следно

(ФОТО) Италија под закана од нови поплави, досега над 27 000 луѓе беа евакуирани од своите домови

Latest from Blog

Петрушевски: Упорноста, транспарентноста и борбата за правда даваат резултати, Обвинителството отвори предмет за Клиничка болница Жан Митрев

По повеќе од 10 прес-конференции, јасна аргументација и упорно инсистирање на вистината, конечно институциите мораа да реагираат, напиша на Фејсбук пратеникот, Бране Петрушевски. Јавното обвинителство денес потврди дека е започната постапка за
Go toTop