Ковачки: Градско чекори кон подобра и поуспешна иднина

October 13, 2025
1 min read

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Градско во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори. Ковачки се осврна на поддршката која Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им ја дава на локалните единици, меѓу кои е и општина Градско, и според него, благодарение на тоа партнерство, Градско ќе се развива во модерна општина.

,,Денес сме собрани овде со заедничка цел да покажеме дека Градско не само што оди напред, туку и забрзано чекори кон подобра, посветла и поуспешна иднина. Продолжуваме со промените. Оваа мала општина, со големо срце и уште поголем потенцијал, денес е пример за тоа што може да се постигне кога се има визија, кога се работи и кога има единство. Градско е пример за заедништво, за труд и резултати“, рече Ковачки.

Ковачки се осврна на кандидатот за градоначалник на општина Градско од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека тој е човек кој е на терен помеѓу граѓаните, и кој е секогаш подготвен да делува во интерес на граѓаните.

,, Тој не е градоначалник што управува од далечина тој е на терен, со вас, со вашите радости и предизвици, секогаш подготвен да слушне и да делува. Тука е и во добро и во лошо“, кажа Ковачки.

Ковачки истакна дека зад сите постигнувања стои и силната поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која ја врати довербата во локалните единици. Според него, партнерството помеѓу општина Градско и Владата ќе овозможи да се реазлизираат проекти кои ќе го сменат ликот на општината.

,,Ниту еден успех не доаѓа сам. Зад овие постигнувања стои и силната поддршка од Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Оваа Влада покажа дека општините не се само административни единици, туку живи заедници со свои потреби. Премиерот Мицкоски ја врати довербата во локалната самоуправа, обезбедувајќи поддршка за градоначалниците кои работат и создаваат“, истакна Ковачки и додаде:

,,Благодарение на ова партнерство, во Градско дополнително ќе се реализираат проекти што ќе ја менуваат сликата на општината. Од подобрување на инфраструктурата, преку поддршка на земјоделието, до инвестиции во локалниот развој и овој резултат ќе биде плод на заедничката работа меѓу градоначалникот, советот и Владата. Значи, за да продолжиме со ова темпо, потребна ни е стабилност, единство и тим кој гледа во иста насока“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

На погребот на Халид Бешлиќ присуствуваат над 50.000 луѓе (ВИДЕО)

Следно

Една држава им плаќа 14 илјади евра на граѓаните за да стапат во брак

Latest from Blog

Костовски: Бутел добива нова поликлиника, Љуботен добива водовод

Дарко Костовски, кандидат за градоначалник за општина Бутел до редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, при што го изрази задоволството за реализација

Ѓорѓиевски најави подобра комуникација со бизнис-секторот во Визбегово

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари конструктивна средба со претставници од бизнис-секторот во индустриската зона Визбегово, заедно со вицепремиерот Изет Меџити и градоначалникот Дарко Костовски. На средбата се разговараше за

Проданоски најави обновување на спортските игралишта во Точила

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, денес најави целосна реконструкција на двете спортски игралишта и детските реквизити во населбата Точила. „Во Точила започнуваме

Современа клучка кај Хиподром – приоритетен проект на Ѓорѓиевски за Скопје

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави изградба на нова сообраќајна клучка кај Хиподром, со која ќе се подобри протокот на возила и ќе се намалат метежите на источниот влез

Ристовски најави современ спортски комплекс во Куманово – нов инфраструктурен проект на Министерството за спорт

Куманово како спортски град заслужува совреме спортски комплекс кој ќе им биде на располагање на спортистите, рекреативците и на сите кумановци, истакна министерот за спорт Борко Ристовски. Ристовски заедно со градоначаникот на Куманово
Go toTop