Ковачевски за скандалот со клиниката за онкологија бара ефикасна истрага: „Ова е мултипартиски и мултиетнички криминал“

September 4, 2023
1 min read

реклама



Скандалот со Клиниката за онкологија што ја потресе цела јавност, за премиерот Ковачевски е грозен случај во кој, како што истакна нема да биде поштеден никој кој е вмешан во него. Рече дека очекува да се спроведе професионална и брза истрага со што ќе бидат идентификувани виновниците. Воедно побара овој случај да не се користи во политички цели .

„Овде се работи за мултипартиски, мултиетнички криминал кој што мора да се расчисти. Тоа што граѓаните протестираат јас ја разбирам и нивната загриженост и нивниот бес. И правото на протест во вакви случаи е добредојдено, затоа што врши дополнителен притисок врз институциите побрзо да ја завршат својата работа. Но уште еднаш повикувам случајот да не се политизира.“, рече Ковачевски.

Ковачевски додаде и дека нема да се дозволи во овој случај да има било какво политичко влијание.

„Никој не смее да врши никакво влијание и никаков притисок во овој случај. Нема да се дозволи никаков притисок, ниту политички, ниту етнички, ниту било каков друг. Инволвираните ако сакаат нека бидат членови и на свети СДСМ и на свето ВМРО и на свети ДУИ тој што се огрешил има да одговара.“, изјави Ковачевски.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека е згрозен од тоа што се случувало, но и за овој случај тој побара оставка од Владата и брзи предвремени избори.

„Сведоци сме на едно криминално-монструозно-мафијашко здружување на неколкумина медицинска лица блиски до партиите на власт. Она кое што згрозува е, за да се богатат. Затоа е потребна одговорност, не само кривична, туку и политичка, и затоа ако има барем малку човечност кај луѓето во Владата треба веднаш да си поднесат неотповиклива оставка и да може да излеземе пред граѓаните на брзи парламентарни избори“, рече Мицкоски.

И претседателот на државата Стево Пендаровски реагираше за овој скандал за кои се сторени тешки дела против здравјето на луѓето и повика на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата од МВР и Јавното обвинителство. Фрапантни и згрозувачки се информациите за сомнежи за злоупотреба на терапијата на лицата болни од рак, стои во реакцијата на претседателот Пендаровски.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ: Очекуваме Русија да се врати на Црноморската иницијатива за жито

Следно

Пожарот во североисточниот дел на Грција постепено се намалува, ангажирани се повеќе од 700 пожарникари

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop