Ковачевски: Во наредните денови ЕСМ ќе почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“

September 26, 2023
1 min read

реклама



 Доколку не бидат поставени топловодните цевки на мостот „Беласица“, цената на парното греење, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, ќе доживее цунами, затоа што топинската енергија што се добива од централата ТЕ-ТО е неколкукратно поевтина во однос на она што би се добивало од другите топлани кои работат на другите енергенси, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски посочи дека активно се работи и дека не би требало да се доцни. 

реклама

-Мислам дека во наредните денови ЕСМ ќе треба да започне со поставување на нови цевки, тоа значи одредена подготовка на долниот дел од мостот неврзано со конструкцијата на мостот и врз основа на таа подготовка, која се прави врз претходно вештачење, ќе можат да започнат со поставување на цевките. Доколку не се успее во тој процес, тогаш ќе има проблем греењето во Скопје, но сметам дека не треба тоа да се случи, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

Според него, потребна е континуирана комуникација меѓу ЕСМ и Град Скопје.

реклама

-ЕСМ има многу сериозно пристапено кон овој проблем. Ќе биде потребна дневна комуникација со Град Скопје прво во делот на санирање односно подготовка на подлогите за поставување на цевките, издавање на сооветни дозволи.. Сметам дека има време тоа да биде направено. Штом се направи тоа ќе ја олесни работата на Регулаторна комисија за да може да одреди цена на топлинска енергија, рече Ковачевски.

Целосната реконструкција на мостот, како што посочи, не е поврзана со топловодот.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барселона најмалку три недели без Де Јонг

Следно

Се заменуваат околу 1000 изгорени прагови на пругата Скопје-Битола, собраќајот останува во прекин

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop