Ковачевски: Традициите се богатството на нашето мултиетничко и мултикултурно општество, наша обврска е да го чуваме, негуваме и промовираме

October 8, 2023
1 min read

реклама

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со членот во партиското раководство и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, денеска присуствуваше на традиционалните пеливански борби во скопско Студеничани.

-Драго ми е што денеска присуствував на традиционалните пеливански борби кои на овие простори кај нас и тука во Студеничани се негуваат повеќе од 500 години, што е за голема почит. Овие традиции се богатството на нашето мултиетничко и мултикултурно општество, а наша обврска е тоа богатство да го чуваме, да го негуваме и да дадеме свој придонес во неговата промоција, напиша Ковачевски во објавата на својот Фејсбук профил.

реклама

Партијата којашто ја предводам, како што посочува, силно ги почитува различностите, и токму затоа СДСМ ја предводи големата мултиетничка коалиција и проевропска Влада која дели исти, европски вредности.

Упати честитки до организаторите, посакувајќи им многу успех на учесниците и уште многу вакви успешни настани во наредните години.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР: Околу 200 македонски државјани се во Израел! 20 се враќаат дома!

Следно

Возачите на ЈСП кои ќе заминат на работа во Германија, денеска имаа обука – ги пакуваат куферите, ќе полагаат во Словенија

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop