Ковачевски: САД биле и ќе бидат со нас во сите клучни процеси, нов договор нема да има

August 25, 2023
1 min read

реклама



САД биле, се и ќе бидат со нас во текот на сите клучни процеси за демократскиот напредок на земјата, од независноста до денес и се најголем поддржувач на остварувањето на двете клучни стратешки цели на  државата а тоа е членството во НАТО,  кое што го остваривме и она што следи, членството во ЕУ, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој е во посета на Скопје.

Тој информираше дека на денешниот состанок разговарале за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот еврооинеграциски пат, како и за отпочнување на уставните измени. Нов договор, како што рече, нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка.

реклама

-Нов договор нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка, како што некои политичари истакнуваат. Она што ние треба да направиме како политичко лидерство е да обезбедиме непречен процес на зачленување на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ. По членството во НАТО, Северна Македонија треба да стане членка на Европската Унија, бидејќи Европската Унија е нашата единствена алтернатива и директен интерес на граѓаните и барање на граѓаните, рече Ковачевски.

Тој изрази благодарност за придонесот на САД во сите процеси, како и за личните заложби на Ескобар, како во однос на развојот на Северна Македонија, така и во неговите лични заложби за унапредување на регионалната стабилност на Западен Балкан.

реклама

-На денешниот состанок разговаравме за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот еврооинеграциски пат, како и за отпочнување на уставните измени. Раговаравме за успешниот тек на скрининг процесот, а пред се за процесот на отпочнувањето на уставните измени кои покрај ЕУ, и САД го сметаат за клучен и важен чекор во обезбедување на европската иднина и продлжување на процесот на европски интеграции на Северна Македонија, рече Ковачевски.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчини го прифати богатиот договор и станува селектор на Саудиска Арабија

Следно

ФИЛМОТ ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА НА ТЕОНА МИТЕВСКА ДОБИ 600.000 ЕВРА НА КОНКУРСОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

Latest from Blog

Ирански медиуми тврдат дека новото видео на Нетанјаху е направено со вештачка интелигенција

 Иако најновото видео од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во кое тој посетува кафуле, требаше да ги побие гласините за неговата смрт или повреда, се покажа дека е лажно и генерирано од вештачка

„Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас“

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема.

Една година од трагедијата во Кочани

Една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, градот и семејствата на жртвите и понатаму живеат со болката од најголемата трагедија
Go toTop