Ковачевски: Предлог заклучоците се многу јасни, а процесот на уставни измени е неминовен

December 13, 2023
1 min read

реклама


Предлог заклучоците се многу јасни и ние секако дека ќе продолжиме со реформите, а процесот на уставни измени е процес што ќе продолжи, кој што е неминовен и на крајот ќе резултира со успешно завршување на преговорите и да станеме земја членка на ЕУ, порача премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Северна Македонија, посочи Ковачевски, заврши успешен скрининг процес, кој што е признаен од ЕУ, меѓутоа, како што нагласи „сите знаете дека ние имаме уште една обврска што треба да ја завршиме“.

реклама

– Таа сега зависи од нас,  меѓутоа, таа дискусија секако ќе продолжи. Процесот ќе продолжи и неминовно ќе заврши со влез на Северна Македонија во ЕУ, истакна Ковачевски.

Според Ковачевски, доколку сите политички актери во нашата држава имаа позиција како што има владејачката коалиција, денеска ќе беше друга ситуација овде, и како што вели, ќе разговаравме за отворање на поглавјата и кластери.

реклама

Во однос на уставните измени, Ковачевски, рече дека тоа е обврска што е многу јасно нотирана во Извештајот и во самите предлог заклучоци стои дека штом, тие амандмани ќе бидат донесени, веднаш ќе биде одржана втората меѓувладина конференција.

–   Се она што јас го зборувам во изминатите година и половина се потврди како точно, порача Ковачевски.  

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агелер: Ставањето на Анѓушев на „црната листа“ не се заснова на сомнеж, туку на докази

Следно

(АУДИО) Зошто Анѓушев заврши на американската „црна листа“ и кој е следен – одговара амбасадорката Агелер

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop