Ковачевски: Правиме се безбедно да се евакуираат нашите државјани од Израел

October 9, 2023
1 min read

реклама

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се прави сѐ за безбедно да се евакуираат сите македонски граѓани кои се наоѓаат во Израел. Како што посочи, остварен е контакт со 50-тина граѓани, но бројката се зголемува и се прават напори да се лоцираат.

–  Веќе дел од нашите граѓани се транспортирани со авион преку Тел Авив на Албанија, еден дел успеаја да излезат од Витлеем кон Јордан, меѓутоа имаме уште граѓани кои се таму. Пред да дојдам тука разговарав со министерот за внатрешни работи, имаме цел Кризен штаб којшто се наоѓа во Министерството за надворешни работи, мојот Кабинет контактира со нашите земји соседи и со другите партнерски земји коишто имаат авиокомпании што може да слетуваат на аеродромите во Израел или во околните држави, рече Ковачевски.

реклама

По случувањата во Израел, во Министерството за надворешни работи е формиран кризен штаб чија задача е да ги следи и координира сите постапки поврзани со нашите државјани, на кои им е потребна помош или асистенција, за нивно безбедно евакуирање.

Синоќа со посебен лет од Израел пристигнаа 40 албански, македонски и косовски државјани на аеродромот во Тирана. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија: Поради терористичка закана прекинати летовите на аеродромот во Хамбург

Следно

Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини на 13 октомври во Националната опера и балет

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop