Ковачевски: По изборите во 2024 Влада ќе формира СДСМ, јас повторно ќе бидам претседател на проевропска влада

November 17, 2023
1 min read

реклама


СДСМ ќе има коалиција којашто сигурно ќе победи на изборите, а по изборите наредната 2024 година јас повторно но ќе бидам мандатар на владата и ќе бидам претседател на проевропска влада, рече претседателот на СДСМ и премиер, денеска во интервју за Канал 5 Телевизија.

-За СДСМ, најголемо политичка партија во државата, воопшто не е прашање дали изборите ќе бидат во месец мај или во месец јуни. Бидејќи ние секако ќе направиме коалиција која што сигурно ќе победи на изборите. Коалиција која што сигурно ќе ја формира новата влада, и претседателскиот кандидат кој што ќе биде предложен од СДСМ и поддржан од европската коалиција ќе биде победник на претседателските избори кои што ќе се одржат идната година. После изборите јас повторно но ќе бидам мандатар на владата и ќе бидам претседател на влада кој што ќе предводи влада која што ќе ја внеси државата во ЕУ, рече Ковачевски.

реклама

Во однос на модалитетот  за настан на изборите, точно е дека имаме разговори со коалиционите партнери, секако медиумите ќе имаат соодветни информации кои што ќе се споделуваат, додаде Ковачевски.

-Уште минатата година во моите настапи на трибините кои што ги имавме организирани од СДСМ, меѓутоа и во настапите на нашите коалициони партнери, пред се мислам на ДУИ, јасно беше стекнато дека Северна Македонија има два концепти. Едниот е европскиот концепт, кој што го сочинуваат коалиционите партнери кои што денес си ја водат Владата. Концепт кој што се застапува за интегрирање на државата во ЕУ, кон членството во НАТО, на спроведување на Охридскиот рамковен договор, на спроведување на Преспанскиот договор и на почитување со сите соседи, со спроведување на преговарачката рамка која што е одобрено во нашето Собрание. Таа платформа сметам дека ова коалиција ќе биде договорена за следните избори и тоа ќе биде победничката коалиција која што ќе ја внесе државата во ЕУ. Јас тоа ви го кажав и на почетокот на овој мандат. Ние ќе имаме техничка влада нормално како е препишано со Закон, бидејќи тоа е законско решение на 100 дена пред изборите. Меѓутоа после изборите јас повторно ќе бидам мандатар на владата и ќе бидам претседател на Влада кој што ќе предводи Влада која што ќе ја внеси државата во ЕУ., рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, за Канал 5 Телевизија.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Во Македонија само на Ковачевски му е добро, додека сите протестираат

Следно

Костадиновска-Стојчевска: Македонската културна дипломатија е подготвена да одговори на глобалните предизвици

Latest from Blog

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop