Ковачевски од Вилнус: Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан зависи од брзата евроатланска интеграција на регионот

July 12, 2023
2 mins read

Премиерот Димитар Ковачевски, кој ја предводи делегацијата на Македонија на Самитот на НАТО во главниот град на Литванија, како што јави известувачот на МИА од Вилнус, денеска ќе учествува на двете сесии на Алијансата, а ќе одржи и билатерална средба со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис.

-Денеска продолжуваме со две други сесии, првата е со нашите партнери од индо-пацифичкиот регион тука со нас се присутни Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија на кои што ќе ги споделиме најважните аспекти на заедничкото делување во однос на обезбедувањето на мирот во светот во овој нов геополитички момент. На состанокот ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет на кој исто така ние премиерите и претседателите, претствници од Западен Балкан ќе го реафирмираме и ставот за важноста на европските и евроатлантските интеграции за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на овој многу важен регион и за НАТО, меѓутоа и за ЕУ, вели Ковачевски пред средбите во Вилнус во изјавата објавена на неговиот фејсбук профил.

Втората сесија, како што посочи, се однесува на првиот состанок на Советот НАТО-Украина на кој што ќе се разговара подетално во однос на поддршката која НАТО ја дава на Украина, меѓутоа и за чекорите кои што ќе бидат направени во иднина се со цел поголемо приближување на Украина кон НАТО.

-Вчера бевте информирани од генералниот секретар дека веќе е донесен нов план во однос на приближувањето на Украина. Тоа што беше пристапување во два чекори сега е во поедноставена процедура и дека наредите чекори и одлуки ќе зависат од консензусот на земјите членки како и од ситуацијата на теренот, рече Ковачевски.

Премиерот уште еднаш ја повтори оценката дека ова е исклучително важен состанок, кој доаѓа во важен момент кога практично се води војна во Украина.

-Најпрвин сакам да изразам големо задоволство од вчерашниот состанок, од првата сесија, на која како што и беше очекувано се потврди единството во НАТО Алијансата. При тоа сите го поздравивме влегувањето на Финска како 31 – ва членка и чекорот кој што е направен пред финално влегување во Алијансата на Шведска. Исто така, беа донесени многу важни одлуки. Првата во однос на продолжувањето на поддршката на Украина, второ во однос на подготовката на безбедносни планови на регионално ниво во однос на финансирањето при што беше донесена одлука за два проценти од БДП да биде минимум одвојување за одбраната од кои 20 проценти најмалку да бидат за модернизација. Исто така, голема одлука беше донесена и во однос на проширувањето на соработката на НАТО земјите во делот на сајбер безбедноста и во делот на хибридните закани што ги гледаме околку нас, потенцира Ковачевски.

Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски се и министрите за одбрана и за надворешни работи Славјанка Петровска и Бујар Османи.

Вкупно 48 странски делегации со 2400 членови, вклучувајќи 40 претседатели на држави или влади и над 150 високи официјални претставници присустуваат на дводневниот самит.

Самитот се одвива под зајакнати мерки за безбедност. За негово обезбедување се задолжени 12 илјади припадници на различни безбедносни структурки. Околу четири илјади војници го обезбедуваат настанот, од кои околу илјада се испратени од 16 членки на Алијансата.

На Самитот на НАТО во Вилнус се акредитирани над илјада новинари и медумски работници.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Членките на Г-7 ќе обезбедат долготрајна безбедносна помош за Украина

Следно

Јувентус е подготвен да го продаде Киеза за најмалку 50 милиони евра

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop