Ковачевски: Нема да потклекнеме пред блокадата, продолжуваме до обезбедување двотретинско мнозинство

August 18, 2023
1 min read

Кога С Македонија ќе стане полноправна членка на Европската унија, ќе ги собереме пасошите на македонските граѓани од другите држави од кои се земени бидејќи повеќе нема да им требаат, рече премиерот Ковачевски на прес-конференција во Владата по денешната собраниска седница за уставни измени

Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од сите министри во Владата на С Македонија, на прес-конференција во владиниот прес центар рече дека денешниот ден донел два заклучоци. Првиот е дека процесот за уставни измени е започнат со изгласнување на дневниот ред, а вториот и многу поважен е дека денеска станало кристално јасно кој сака С Македонија да стане просперитетна држава, а кој сака да ја блокира европската иднина на земјата.

„Денеска се потврди дека Владата и коалиционите партнери се единствените кои и мислат добро на државата и на граѓаните за влез во Европската унија. Се потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација и проевропските граѓани на С Македонија тоа нема да го заборават ниту пак да го простат”,

рече Ковачевски.

Ковачевски рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не покажа ниту еден аргумент и причина за да се блокира процесот на уставни измени, туку само покажале дека тие со голема леснотија се спремни да ја блокираат европската иднина само за лични цели. Тој вели и дека нивната проевропската влада ќе направи се за да ја тргне блокадата кон патот на ЕУ и нема да дозволи иднината на граѓаните да биде блокирана од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако тие не знаат да дебатираат дома, како да очекуваме дека ќе аргументираат и дебатираат надвор со меѓународна заедница. Нивна цел е да не преговараат за нов договор, туку да блокираат, но сега нема простор за манипулација од страна на ВМРО-ДПМНЕ”,

вели Ковачевски.

Премиерот во своето излагање кажа и дека македонсите граѓани заслужуваат да живеат во европска Македонија, а не да живеат во земјите членки на унијата со пасоши од други држави, па затоа, кога Македонија ќе стане дел од унијата, Ковачевски рече ќе ги соберел сите пасоши на македонските граѓани од странските земји и ќе ги врати бидејќи повеќе нема да им бидат потребни затоа што европската иднина ќе можат да ја градат дома.

„ Граѓаните сакаат подобри услови, економски напредок, социјална правда, подобар живот и вредности кои само ЕУ и САД ги имаат. С Македонија практикува европски вредности и заслужува да биде дел од ЕУ. Пред нас е неповторлива шанса за забрзување на еворпскиот пат, бидејќи тоа е нашата иднина”,

изјави премиерот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Публиката до последно место го исполни Куршумли-ан: Почна 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“

Следно

Мбапе се врати во тимот, ќе игра против Тулуз

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop