Ковачевски најави оставка и предвремени избори ако се изгласаат уставните измени во Собранието

August 20, 2023
2 mins read

Ковачевски вели дека постои уште една опција за да ја придобијат партијата ВМРО-ДПМНЕ, без чии пратеници не може да се стигне до бројката од 80 гласа во парламентот за уставните измени, а тоа е влез во Владата

Денот кога ќе ги изгласаме уставните измени, ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори, рече премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на телевизијата Сител. Како што додаде тој, овој негов став бил познат и го имал кажано порано на прес-конференција.

„Ниту еден човек не се родил за да биде премиер. Тоа е голема чест и одговорност, да спроведеш визија на граѓаните да живеат подобро и да бидеш искрен со нив. И ако го погледнете моето експозе, за потребата од усвојување уставни измени, јас таму бев апсолутно искрен, што добиваме со ЕУ. Јас јавно кажав дека денот кога ќе ги изгласаме уставните измени, јас ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори“,

кажа Ковачевски. 

Тој рече дека постои уште една опција за да ја придобијат партијата ВМРО-ДПМНЕ, без чии пратеници не може да се стигне до бројката од 80 гласа во парламентот за уставните измени, а тоа е влез во Владата.

„Бидејќи тие зборуваа за општествен консензус исто како што јас зборувам, половина места од нашите ќе ги добијат. Услови имаат ДУИ да не учествува, тие поднесоа оставки, и другите албански партии кажаа еве, и ние нема да учествуваме. Ќе бидат дел од Владата, ќе го завршиме целиот процес, ќе го завршиме скринингот, ќе отвориме едно или две поглавја и ќе затвориме едно од поглавјата. И ќе одиме на избори. Влада во која доминантно министри ќе има и ВМРО-ДПМНЕ“,

рече Ковачевски.

Прашан дали ова значи дека се движиме кон предвремени или кон редовни избори, одговори дека изборите ќе бидат во редовниот термин, и претседателските и парламентарните, но дека е клучно прашањето за уставните измени да биде решено.

„Политички партии имало и ќе има, власти се менувале, но ние самите најдобро сфативме што значи изгубени години и декади“,

потсети Ковачевски. 

Тој не ги коментираше директно шпекулациите дека ВМРО-ДПМНЕ наводно има поддршка од меѓународната заедница за брзи избори, па оттука и нивниот цврст став дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Само кажа дека опозицијата зборувала и за бугаризација и за асимилација, но повеќе за тоа не се зборува.

„Прво, бугарски диктат е истиот збор којшто беше користен од претходникот на Мицкоски. Ама тогаш беше грчки диктат. Само што на овој диктат, од нивна страна им претходеше бугаризација, асимилација и што уште не. Ама гледате сега дека бугаризација и асимилација не се користат како зборови, бидејќи не постојат. Стана јасно дека македонскиот јазик е дел од Преговарачката рамка, дека на македонски јазик се преведува целото европско законодавство. Гледам, некои политичари велат немало македонскиот јазик да биде официјален во ЕУ, па ако не биде, зошто го преведуваат целото законодавство на македонски јазик“,

рече Ковачевски.

На прашањето дали има договор со собранискиот спикер Талат Џафери до кога да ја држи отворена седницата за уставни измени и дали има краен рок, рече дека нема такво нешто и дека Џафери работи согласно Деловникот.

„Процесот започна, и тоа започна успешно, бидејќи се изгласа дневниот ред, се видоа позициите на политичките партии. Останува простор за разговор со ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека тој разговор треба да се води институционално, Парламентот е најдобро место за тоа, за на крајот да дојдеме до решение што ќе биде во интерес на граѓаните, бидејќи граѓаните сакаат да живеат и заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ“,

рече вечерва премиерот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради сообраќајка забавен сообраќајот на влез и излез во Охрид

Следно

Сѐ уште активен големиот пожар во близина на грчкиот град Александруполи- изгореле пет куќи и една црква

Latest from Blog

Божиновска: Македонија ќе биде дел од клучната европска гасна мрежа

Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен

Раст на Македонската берза – најмногу се тргуваше со акциите на ВФП Пензиско друштво

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.07.2026 заврши со пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.207,94 поени. Во однос

Меџити: Со инвестиција од 6,2 милиони евра ќе се регулира коритото на Сува Река во Сарај

Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, информираше дека започнале градежните работи за регулирање на коритото на Сува Река во општина Сарај, проект вреден 6,2 милиони евра. Според Меџити, станува збор за еден од

Историски пад на старите предмети во Кривичен суд Скопје: Решени 463 случаи за една година

Основниот кривичен суд Скопје бележи значајни резултати во намалувањето на старите предмети, унапредувањето на ефикасноста и јакнењето на транспарентноста, покажуваат податоците презентирани во второто издание на електронскиот весник на Судот. Најзначајниот показател
Go toTop