Ковачевски најави дека ќе го покани Мицкоски на средба

May 27, 2023
2 mins read

На состанокот, како што изјави премиерот, потенцијално би се разговарало за две теми. Првата, рече Ковачевски, ќе биде во врска со носењето на одлуките кои се потребни за интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Во фокус на втората тема, пак, како што кажа, би било усогласувањето на ставовите во врска со односите со сите соседи на државава

Лидерот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, најави дека во наредните десетина дена планира да го покани претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на заедничка средба.

На состанокот, како што изјави премиерот, потенцијално би се разговарало за две теми.

Архивска фотографија од средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Првата – рече Ковачевски – ќе биде во врска со носењето на одлуките кои се потребни за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Во фокус на втората тема, пак, како што кажа, би било усогласувањето на ставовите во врска со односите со сите соседи на државава.

„Јас планирам да го поканам во текот на наредните 10 дена на средба на која што ќе разговараме за две теми. Првата тема ќе биде околу носењето на одлуки потребни за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија и второ, усогласување на ставови за односите со сите соседни држави на Република Северна Македонија“,

изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на скопскиот Клинички центар. 

Ковачевски порача дека сите политички партии во земјава треба да се вклучат во процесот на уставни измени и да бидат свесни оти овој процес е потребен поради интеграцијата на земјава во Европската Унија. Нагласи дека зачленувањето во ЕУ не е процес на еден човек и на една партија туку за сите политички партии и за сите граѓани. 

Говорејќи за уставните измени, кои земјава треба да ги направи за да го продолжи евроинтегративниот пат, Ковачевски рече дека очекува уште во понеделник Предлог-иницијативата од работната група за формирање на измените, со која Бугарите и други народи ќе се внесат во Преамбулата од Уставот, да се најде во архивата на Владата, по што истата би се разгледала на владина седница.

„Владата со големо внимание ќе ја разгледа Предлог-иницијативата со оглед на тоа дека во нејзиното подготвување учествуваа професори по уставно право, професори по сродни права на уставното право, претставници од практиката на уставното право и претставници на политички партии. Потоа, согласно процедурата, откако Владата ќе ја разгледа и усвои, ќе ја достави до Собранието на Северна Македонија, бидејќи ова е во моментов најзначаен процес во државата“,

рече Ковачевски.

Додаде дека во вода паднале сите обвинувања од страна на опозицијата оти државава ќе станела бинационална, велејќи оти предлог-иницијативата за уставните измени која ја донела работната група е во согласност со заклучоците на Собранието, со цел исполнување на обврските од преговарачката рамка со ЕУ.

Прашан дали албанските партии ќе го поддржат предлогот, имајќи го предвид нивното барање за бришење на формулацијата „20 отсто“ од Уставот и негова замена со терминот „албански јазик“, Ковачевски не одговори конкретно. Единствено кажа дека меѓународната заедница испратила јасни пораки во врска со спроведувањето на измените во Уставот и обврските кои земјава ги има кон ЕУ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Димитар Данев е нов „бисер“ на Работнички, веќе го следат и странски клубови

Следно

Русија го лансира првиот сателит за сите временски услови

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop