Ковачевски на Бледскиот форум: Северна Македонија моментално е најдобар кандидат за членство во ЕУ

August 28, 2023
1 min read

БЛЕД (АА) – Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум изјави дека Европската Унија мора да ги валидира волјата и подготвеноста за проширување бидејќи Северна Македонија веќе се докажа како добар и активен партнер во НАТО, јавува Анадолу.

Како што истакна, 80 отсто од граѓаните на Северна Македонија се за членство во Европската Унија, но тие 80 отсто се и против блокадите што доаѓаат од земјите членки, а кои ги користат за внатрешнополитички цели.

Европската Унија, како што нагласи, мора да ги валидира волјата и подготвеноста за проширување бидејќи Северна Македонија веќе се докажа како добар и активен партнер и во НАТО.

„Ако направите паралела со ЕУ, тогаш тоа е многу поврзано, пред сѐ, поради поврзаноста на економиите. Се сретнав со Македонци кои работат овде, запознав и македонски студенти што работат во Словенија кои ме замолија: направете сè да ја ставите нашата земја во ЕУ, сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја на ЕУ дома, а не овде во Словенија“, рече Ковачевски за време на лидерскиот панел на тема „Солидарноста како глобална безбедност“.

Тој нагласи дека во светлина на членството во ЕУ има желба Северна Македонија да продолжи со напредокот, а Европската Унија да најде сила за проширувањето да го стави на приоритетно место.

Доколку се случи тоа, како што рече, целта за проширување на Западен Балкан во 2030 година изгледа остварлива.

„Во секој поглед, меѓу сите кандидати, во однос на примената на условите, Северна Македонија моментално е најдобар кандидат за членство во Европската Унија“, заклучи Ковачевски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ мора да биде подготвена за ново проширување до 2030 година, порача Шарл Мишел од Блед

Следно

(ВИДЕО) ЕУ мора да биде подготвена за ново проширување до 2030 година, порача Шарл Мишел од Блед

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop