Ковачевски: ММФ ги препознава и поддржува нашите заложби за постигнување одржлив економски развој

November 14, 2023
1 min read

реклама


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска остварија средба со делегација од Меѓународниот монетарен фонд предводена од шефот на мисијата на ММФ за Република Северна Македонија, Жак Миниан, новиот шеф на мисијата за Република Северна Македонија, Анет Кубе, алтернативниот извршен директор на Мисијата, Лук Дресе.

Досегашната соработка на Република Северна Македонија со ММФ беше во фокусот на денешната средба, каде заеднички беа потврдени заложбите на двете страни, соработката да продолжи и во иднина.

реклама

Премиерот Ковачевски, во име на Владата, се заблагодари што ММФ ги препознава и поддржува владините економски политики и за континуираната поддршка на земјава, со која оваа меѓународна финансиска институција има значителен придонес во зајакнувањето на политиките и усогласувањето на правните и регулаторни рамки со стандардите на ЕУ, што е клучно во процесот на пристапување на земјава кон европското семејство.

Премиерот Ковачевски истакна дека главна определба на Владата на среден рок е постигнување одржлив економски развој, фискална консолидација и спроведување на структурните реформи. Тој потенцираше дека само стабилни јавни финансии можат да обезбедат долгорочен раст и развој на земјава, подобрување на животниот стандард на граѓаните, што е клучно државата да се движи напред на патот на евроинтеграциите.

реклама

На средбата заеднички беше констатирано дека ММФ ќе ги поддржи заложбите на Владата за понатамошно намалување на буџетскиот дефицит, борбата против инфлацијата, заштитата на финансиската стабилност, подобрувањето на животниот стандард со зголемување на инвестициите, растот на продуктивноста и забрзувањето на зелената транзиција.

Средбата беше одржана по завршување на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава за членот IV во Република Северна Македонија.

реклама

Овие мисии се одржуваат еднаш годишно, во рамки на кои се скенираат макроекономската рамка, како и управувањето со фискалната и монетарната политика.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Адвокатите на палестинските жртви на израелските напади врз Газа поднесоа жалба до Меѓународниот кривичен суд

Следно

Како Илон го гледа светот

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop