Ковачевски: Ќе нема поскапување на струјата ако се користи за основни потреби, повеќе ќе плаќаат оние што ја користат за луксуз

December 11, 2023
1 min read

Според него, првиот и вториот тарифен блок опфаќаат до 98 проценти од домаќинствата во државава и за нив, како што рече, „ќе нема никаква промена на цената, како што и немаше бидејќи ценовен шок не дозволивме за граѓаните“

Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека ќе нема ценовен шок со струјата ако се користи за основните потреби во домаќинствата и оти ќе плаќаат повеќе оние што имаат можност да ја користат за полуксузни намени.

Според него, првиот и вториот тарифен блок опфаќаат до 98 проценти од домаќинствата во државава и за нив, како што рече, „ќе нема никаква промена на цената, како што и немаше бидејќи не дозволивме ценовен шок за граѓаните“.

„Третиот и четвртиот блок опфаќаат помал број домаќинства што имаат поголема потрошувачка на електрична енергија. Во четвртиот блок се домаќинства коишто согласно своите приходи, согласно своите можности загреваат поголеми простории, базени. Секој согласно своите можности тоа може да го прави, меѓутоа и ќе плати поскапа цена на електрична енергија бидејќи, да не заборавиме, ние ја субвенционираме до 90 проценти за да немаме ценовен шок“,

рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по неговата денешна посета на презентацијата на новата апаратура за генетика во МАНУ. 

Евтината тарифа преку ден, според него, е направена врз основа на пресметка што ја определува просечната потрошувачка на електрична енергија во текот на 24 часа и врз основа на претпоставено зголемување на потрошувачката од 13 до 15 часот на нешто што се правело подоцна или порано. 

„Голем број домаќинства во државата имаат пензионери, меѓутоа имаат и лица кои се дома и имаат активности кои побаруваат поголема потрошувачка на електрична енергија како што е готвење, перење, пеглање и ги извршуваат во тие два часа. Такви искуства сме имале и во минатото кога имало евтина тарифа“,

рече Ковачевски. 

Според Ковачевски, нема промена во однос на одлуката за проектот „Чебрен“. Одлуката, појасни, е донесена од страна на Владата, спроведена од Секторот за законодавство и направена согласно Законот за концесии и Законот за води.

„До овој момент јас во систем не сум видел промена на одлуката“,

наведе Ковачевски. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За Кисинџер прашајте ги во Камбоџа

Следно

Израелските сведоци уште еднаш потврдија дека израелските тенкови убиле и свои граѓани

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop