Ковачевски ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

October 30, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Со официјална церемонија за пречек, со највисоки државни и воени почести, премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во официјална посета на Скопје, јавува Анадолу.

Според агендата за официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, на земјава, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Ковачевски и Фон дер Лајен, исто така, ќе одржат заедничка прес-конференција.

Инаку, Фон дер Лајен вчера ја започна четиридневната посета на регионот, при што ќе ги посети и Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски ја пречека претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен со највисоки државни и воени почести

Следно

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на Основниот суд во Куманово

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop