Ковачевски: „Голема слабост на резолуцијата е неспоменувањето на терористичкиот акт на Хамас од 7 октомври“

October 30, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА)

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, рече дека земјата гласала воздржано за резолуцијата на Обединетите нации (ОН) со која се повика на хуманитарен прекин на огнот бидејќи, според него, не биле споменати „терористичкиот акт на Хамас од 7 октомври“ и “правото на Израел да се брани“, јавува Анадолу.

На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во официјална посета на Скопје, премиерот Ковачевски одговори на новинарско прашање околу гласањето на Северна Македонија на 10. Специјална сесија за вонредни состојби на Генералното собрание на ОН.

Прашањето се однесуваше на тоа дали амбасадорот на земјата бил консултиран со Владата и дали гласањето воздржано „значи дека Северна Македонија не сака да има мирен живот за цивилите во Газа“.

Ковачевски рече дека Северна Македонија „го поддржува хуманитарниот аспект на јорданската резолуција, почитувањето на меѓународното хуманитарно право, неопходноста од заштита на цивилите и нивен пристап до основните животни потреби: струја, вода и лекови“.

Меѓутоа, тој рече: „Голема слабост на Резолуцијата е неспоменувањето на терористичкиот акт на Хамас од 7 октомври, кој ние веднаш најостро го осудивме, како и правото на Израел да се брани“. Ковачевски додаде дека поради ова Северна Македонија гласала за канадскиот амандман на резолуцијата.

„Одлуката за гласање не беше лесна. Одлучивме да гласаме воздржано затоа што резолуцијата, од една страна, ги адресира хуманитарните прашања, со што се согласуваме и го поддржуваме, но отсуството на споменувањето на она што Хамас го направи на 7 октомври не остава простор за поинаков пристап во однос на гласањето“, рече Ковачевски.

Тој изјави дека треба да продолжат активностите на меѓународната заедница во обезбедувањето долгорочен мир и стабилност на Блискиот Исток.

Ковачевски рече дека одлуката за гласање амбасадорот на Северна Македонија во ОН ја добил од Владата и тоа претставува став на Владата, додавајќи дека поради неприфаќањето на канадскиот амандман „голем број држави постапија така како што постапи и нашата држава“.

– Резолуцијата на ОН

Резолуцијата, која беше презентирана од речиси 50 држави, меѓу кои и Туркије, Палестина, Египет, Јордан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), беше усвоена на 28 октомври од 120 држави, наспроти 14 кои беа против, додека 45 држави беа воздржани.

Резолуцијата повикува на „итен и одржлив хуманитарен прекин на огнот“ во Газа.

Резолуцијата ги осуди „сите акти на насилство врз палестинските и израелските цивили, вклучително и сите акти на терор и неселективни напади, како и сите акти на провокации и разорување“.

Исто така, побара „сите страни веднаш и целосно да ги почитуваат своите обврски во рамките на меѓународното право“.

Резолуцијата ја нагласува важноста од „спречувањето на понатамошната дестабилизација и ескалација на насилството во регионот“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен: Сакаме С Македонија да биде членка на ЕУ, се надевам дека тоа ќе биде поддржано од широкото мнозинство во земјата

Следно

Четиринаесет лица загинаа во Газа кога израелски воени авиони нападнаа две куќи

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop