Ковачевски: Безбедносната ситуација во земјава е стабилна, не постојат индиции за нарушување

November 22, 2023
1 min read

реклама


Премиерот Димитар Ковачевски денеска потенцираше дека безбедносната ситуација во нашата држава е стабилна и не постојат никакви индиции за какво било нарушување на истата. 

-Ние сме три години земја членка на НАТО, од кои што јас речиси две години сум претседател на Владата. Нивото на информации кое што безбедносните служби на нашата држава ги имаат, а истите се дел од безбедносните служби на НАТО и информациите ги споделуваат со партнерските безбедносни служби од земјите членки на НАТО – тука спаѓаат најразвиените држави во светот со најразвиени безбедносни механизми, во однос на поединци, групи и организации кои сакаат да го нарушат нивото на безбедноста во која било земја членка на НАТО од регинот, вклучително и нашата, е на ниво кое што е незамисливо за оние кои не се во детали вклучени во вакви прашања, рече Ковачевски на прес-конференција по неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регинот, во одговор на новинарско прашање.

реклама

Како што потенцираше, се работи за информации кои што се исклучително детални, навремени и систематични. Според премиерот, системот на превенција, системот на заедничко работење со централата на НАТО во Брисел преку нашата претставничка мисија функционира на беспрекорно ниво.

-Системот на превенција, системот на заедничко работење со централата на НАТО во Брисел преку нашата претставничка мисија, но и директната соработка со земјите членки на НАТО функционира на беспрекорно ниво и затоа нашите граѓани треба да бидат среќни и горди дека живеат во земја членка на НАТО која што има исклучително ниво на безбедност, споредено со која било друга земја која не е членка на најголемиот воено и безбедносен сојуз во светот, рече Ковачевски. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Египетскиот претседател Сиси го поздрави посредувањето за договорот за хуманитарна пауза во Газа

Следно

Монодрамата „Крик“ во КСП Центар -Јадро

Latest from Blog

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles). Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата

Transmission – Концерт со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.  20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети. –

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од
Go toTop