Ковачевски: „Балансерот“ за вработување се злоупотребува

March 28, 2024
1 min read

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски го искоментира предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на балансерот, но не беше конкретен дали ваквата идеја би ја поддржал. Тој смета дека треба да се изнајде решение за предизвиците, зашто оваа мерка за рамномерна застапеност се злоупотребувала при вработувањата во администрација. Ковачевски вели дека балансерот бил воведен токму од страна на ВМРО и е дел од Охридскиот договор.

„Ние мора да воведеме закони, принципи и механизми, бидејќи овој механизам, балансер, којшто е софтверско решение направено во времето на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно дека почна да се злоупотребува. Било кого да прашате, тоа ќе ви го потврди. Мора да изнајдеме решение сите заедно, бидејќи тоа решение е направено врз основа на Рамковен договор“, рече Ковачевски.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТАА И Е НАЈГОЛЕМАТА ПОДДРШКА ПО РАЗВОДОТ: Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, двете се како близначки – се занимава со работа која и ја дала пејачката! (ФОТО)

Следно

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop