Ковачевски: Апелирам за деескалација на настаните во Косово и на продолжување на дијалогот

September 25, 2023
1 min read

реклама



Премиерот Димитар Ковачевски, се огласи по повод случувањата во Косово каде беше убиен еден косовски полицаец, во неделата наутро нешто пред три часот.

Ковачевски апелираше на деескалација на случувањата и продолжување на дијалогот зза решавање на спорот меѓу двете земји.

реклама

„Со голема загриженост ја следиме ситуацијата во Косово, и сме во постојана комуникација и координација со нашите сојузници и стратешки партнери. Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот.

Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни – таа е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања. Сите институции задолжени за безбедноста будно ја следат состојбата. Воедно согласно информациите споделени помеѓу безбедносно разузнавачките служби во земјата како и информациите добиени од службите на нашите сојузници во НАТО алијансата, не постојат индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста во Северна Македонија.

реклама

Апелирам за деескалација на настаните во Косово и на продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени на мирен и демократски начин. Клучно е забрзувањето на евроатлантските интеграции на Западен Балкан, тоа е единствениот начин за обезбедување напредок и стабилност во регионот, како и намалување на влијанието на дестабилизирачки трети страни. Регионот мора да оди напред, граѓаните заслужуваат просперитет, подобра иднина и подобар животен стандард.“, напиша Ковачевски.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Само Манчестер сити и Интер ги добија сите натпревари во топ 5 лигите

Следно

„КРУГОТ НЕ Е ТРКАЛЕЗЕН, ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТИРАНА“ – МАНЧЕВСКИ ДОБИ ПОЧЕСТ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop