Коцевски во СТУДИО 10: Ако полицаецот е незадоволен од платата, не може да сметаме на безбедна држава

June 27, 2024
1 min read

Вчерашната кривична пријава не е прва што Синдикатот ја има поднесено до ОЈО, а се однесува на повреда на правата од работен однос и на злоупотреба на службената положба. Имено, на работик за полесно кршење на работна дисциплина донесена е мерка отказ што не е според законот. Мене ми е посебно жал што претседателката на комисијата за жалби 90 отсто од поплаките ги решава против подносителите. Апелирам да почне да владее правото, да се покрене кривичен предлог и овие работи што се случуваат во МВР да престанат. Поранешниот министер против кого е поднесена кривичната пријава немаше никаква реакција, како што никогаш и немало. Ние реагиравме и кога потпиша две прерасределувања вон работното место кога користел боледување поради Ковид-19, вели Орце Коцевски од Синдикатот на полицијата во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Платите во полицијата не се добри и тоа може да се види от тоа што на последниот конкурс за вработување се пријавија само 1000 луѓе за 660 места. Основната плата на полицаец е 16.300 денари. Ако знаеме дека минималната плата е 22.500 денара излегува дека основната плата на полицаец е 100 евра пониска од минималната. Полицајците имаат и додатоци на плата.и со нив изнесува околу 23-24 илјади денари. Просечната плата во Македонија е 41 илјада денари и срамота е да зборуваме за помала плата. Новиот министер Тошковски е првиот кој проговори за ниските плати во полицијата и тешката состојба, вели Коцевски.

Коцевски вели дека доаѓаат подобри денови за полицијата.

-Ако полицаецот е незадоволен, не може да сметаме на безбедна држава, вели Коцевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИДФ: Нападнавме училиште во кое се криеја терористи

Следно

Данска воведува еколошки данок од 100 евра по крава

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop