Коцевски: Секогаш сум работел согласно закон

February 11, 2025
1 min read

По одлуката на Владата предводена од Христијан Мицкоски, со писмен допис се јави и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во него објасбува дека работел според законот.

„Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски. Верувам дека Владата ги немала на располагање сите релевантни и точни информации и заради избегнување на недоразбирања, сакам да го појаснам следното: Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесен од обвинителот Хајрулахи, кој во моментов е суспендиран, беше со важност до 31.12.2024 година. Согласно тој распоред лицата определени за негови заменици го имаа статусот на заменик до истекот на распоредот на 31.12.2024 година. Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје за 2025 година е донесен од обвинителот Цветановски во јануари 2025, во момент кога истиот немал својство ниту на заменик, ниту на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, што значи дека ваквиот распоред не е донесен согласно закон и не може да произведува правно дејство. Со потврдување на одлуката за суспензија и на обвинителот Цветановски, се јави потреба да се определи јавен обвинител кој времено ќе раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје, посочува Коцевски.

Во писмената изјава Коцевски вели дека не е првпат да се постапува на овој начин и дека приоритет било да се определи раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје кој ќе биде гарант за непристрасното, професионално и објективно работење на обвинителството до завршување на дисциплинска постапка за обвинителот Хајрулахи.

„Појаснувам дека не се работи за назначување на вршител на должноста виш јавен обвинител, туку за определување на времен раководител на вишото јавно обвинителство Скопје. Според тоа ве верувам дека моето постапување во овој случај, како и во целокупното мое работење е согласно закон, а со цел овозможување на непречено и законито функционирање на јавното обвинителство и заштита на јавниот интерес, наведува Коцевски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проф.д-р Срцева со едукативни препораки за феноменот селфи, актуелен кај младите, чии последици често се со фатален крај

Следно

Дурмиши: Одлуката за ограничените маржи ќе важи и на двата големи празника Велигден и Рамазан

Latest from Blog

Дубаи од туристички рај се претвори во град на духови

По серијата ирански ракетни и беспилотни летала напади, илјадници странски работници, туристи и инфлуенсери го напуштија Дубаи, додека плажите, хотелите и рестораните се речиси празни, објави Дневно. Дубаи со децении е симбол

Андоновска: Функциите претставуваат одговорност и патриотизам, се случуваат кадровски освежувања

Минатиот месец, Марија Андоновска беше реизбрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Си постави задача да работи посветено, одговорно, да се работи на градење на држава и институции кои ќе им

Tрендафилов: Иако протестите беа организирани на претходната влада, новата го одби предлогот

Минималната плата од 600 евра е реална потреба на работниците и произлегува од вредноста на синдикалната кошница, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов во дебатата „Топ Тема“.
Go toTop