Костовски: Почнува реализацијата на проектот за водовод за Љуботен и Љубанци

August 6, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска соопшти дека го потпишал одобрението за изградба на водоводната мрежа во селата Љуботен и Љубанци – еден од најзначајните проекти за општината и жителите на овие две населени места.

Според Костовски, утре Министерството за транспорт ќе распише јавен повик за избор на изведувач на градежните работи.

„Многу скоро почнуваме со работа!“, напиша Костовски на својот профил на Facebook, додавајќи дека ова е еден од неговите најдраги проекти од моментот кога ја доби довербата на граѓаните.

Градоначалникот Костовски ја потенцираше важноста на проектот за задоволување на основната потреба на жителите, истовремено нагласувајќи ги и големите технички и институционални предизвици кои биле надминати во текот на процесот.

На крајот, Костовски изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, за нивната поддршка и блиска соработка во реализацијата на овој проект.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интервју со Симонида Кацарска

Следно

Скендер Реџепи – кандидат за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop