Костов: Коцевски е воден од сиви и црвени еминенции, таков јавен обвинител не и е потребен на Македонија

February 12, 2025
2 mins read

Одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски донесе Владата на вчерашната седница. Министерството за правда доби задолжение да превзема активност за постапката за разрешување, а од Владата додаваат дека се разочарни од постапувањето надвор од законските надлежности. Ја потенцираат и разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава.

Поранешниот јавен обвинител Сотир Костов во изјава за Курир вели дека позитивно гледа на ваквата владина одлука од повеќе причини. Според него, Коцевски е пристрасен јавен обвинител кој не покажал некоја стручност.

-Година и повеќе јавниот обвинител на Македонија, Коцевски имаше доволно време да покаже стручност, да покаже ажурност, ефикасност во своето работење и да се зафати со разрешување на горливи прашања. Не направи ништо за да се поведе постапка за криминалот во РЕК Битола / ТЕЦ Осломеј, никаква јавнообвинителска одговорност да ги гони сторителите на кривични дела поврзни со политичка корупција во високите врвови на владејачката гарнитура која си замина, која граѓаните ја испратија во историјата. Зачуден сум, за разлика од тоа да се работи работата, почна да се пресметува со своите обвинители Хајрулахи и Цветановски, вели Костов за Курир.

Според Костов, досега е невидена пракса за јавно обвинителска организација која е прилично затворена и проблемите ги решава во „куќата“, сега тоа да се прави преку медиумите.

-Коцевски направи катастофална грешка, да дискредитира јавни обвинители кои совесно си ја вршеле работа, а особено Цветановски кој го водел предметот за „специјалците“ кои зедоа пари на незаконски, неморален начин изразени во евра и покрај високите плати. Таквиот јавен обвинител не и е потребен на Македонија, јавен обвинител кој повеќе сака да дава интервјуа и да се слика по телевизии и емисии, посочува Костов.

Тој додава дека искусните правници и луѓето од фелата јасно гледаат дека Коцевски како државен јавен обвинител не си ја вршел својата работа. Смета дека Коцевски е човек кој е воден од сиви и црвени еминенции, личности кои го раководат во негова близина во јавното обвинителство, каде има една или две такви околу него.

– Коректно владата отвора постапка и го задолжува Министерството за правда да поведе постапка и да финишира во дебата во парламентот, највисокот орган. Оваа работа треба да биде завршена, на испит ќе биде и Советот на јавни обвинители, интересно ќе биде да се види какво ќе биде нивното мислење, дали ќе се согласат со неефикасноста на Коцевски, смета Костов.

По однос на неефикасноста, Костов нагласува дека тоа не е само негово мислење, туку е мислење и на Фридом Хаус, Стејт департментот, Извштајот на Европската Унија кои констатираат дека има висока корупција во врвовите на политиката, а тоа не се гони од органите на прогонот, а се однесување на периодот од неколку години наназад.
Костов смета и дека мора да покаже дека имаме морална вертикала и дека сме подготвени за позитивни промени.

-Секој треба да е подготвен некој да сака да те смени кога не те бива. Треба да си подготвен и предвреме да те разрешат ако не си ја вршиш работата. Сметам дека постапката ќе се води демократски и стручно. Државиот јавен обвинител ги запостави начелата, подводлив е и слуша луѓе од фелата и политиката. Тие што работат наместо да ги награди, ги суспендира, дециден е Костов.

Владата како аргументи за одлуката за поведување постапка за разрешување на Коцевски го посочи објавувањето на последниот Индекс на транспарентност каде детално можеше да се види дека конкретно четири точки се однесуваат на состојбите кои се случиле во обвинителството и судството.

Од Владата, исто така сметаат дека дополнително последното именување за вршител на должност Шеф на Вишото Јавно обвинителство во Скопје е одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишана во Законот за јавното обвинителство.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Играј со најдобрите: Видеолотарија Касинос Австрија со 30.269.369 денари реновираше 11 игралишта во Скопје

Следно

Ердоган: „Не може повеќе да се одложува формирањето палестинска држава со територијален интегритет“

Latest from Blog

Мицкоски: Најпрвин економски да се зајакне државата, а потоа со консолидираните пари да се отвораат конзулати во Корча, но и на други места

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стратегија на Владата е најпрвин економски да се зајакне земјава, а потоа од консолидираните пари да се отвори македонски конзулат не само во во Корча, туку и

Сопругата на уапсениот градоначалник на Тирана за 4 години на фустани и накит потрошила неверојатни 860.000 евра

Сопругата на веќе уапсениот градоначалник на Тирана Ерион Велиај, Ајола Ѕоѕа за 4 години на фустани и накит потрошила неверојатни 860 илјади евра, пишуваат албанските медиуми. Имено, во обвинението на Специјалното обвинителство

Акција на МВР и Царината на ГП Богородица, откриена поголема количина дрога во камион

Министерството за внатрешни работи и Царината од синоќа спроведуваат акција на граничниот премин Богородица. Според дел од медиумите, се работи за откриена дрога во камион со македонски регистарски таблички.  Според првичните информации,

„Супербоул“ со рекордна гледаност во САД

Овогодишниот „Супербоул“ – финалето на американската професионална рагби-лига НФЛ, стана најгледаниот ТВ-настан во историјата во САД со просек од 127,7 милиони гледачи, според специјализираната агенција за следење на рејтингот „Нилсен“. Таа бројка

Христијаните од Хама тврдат дека режимот на Асад убивал неселективно во масакрот во 1982 година

ХАМА (АА) – Етем Емре ОЗЏАН Христијаните кои живеат во сириската провинција Хама изјавија дека цел на силите на режимот на Асад во масакрот во февруари 1982 година биле сите, и муслимани
Go toTop