Костиќ: Се подготвуваме да ги изненадиме Грците во Атина

July 25, 2025
1 min read

За претстојните квалификациски натпревари со Грција во Атина и со Грузија во Скопје, македонската одбојкарска репрезентација веќе една недела се подготвува во Маврово. Селекторот Јошко Миленковски, го подигнува нивото на тренинзите, а проверката на формата ќе бидат контролните дуели со Бугарија во Софија.

– Желбите и амбициите се да обезбедиме учество на четвртото Европско првенство во низа. Со висок интензитет и позитивна енергија работиме во Маврово, фокусирани на дуелите со Грција и Грузија. Сакам да верувам дека летово ќе го завршиме со две победи и пласман на ЕП. Зошто да не!? Вистина е дека со Грците имаме два пораза на последните два натпревара, но тоа не значи дека не може да изненадиме во Атина. Така и победата ќе биде многу послатка! – оптимист е Лука Костиќ.

По двата контролни дуела со Бугарија на 29 и 30.јули во Софија, македонскиот одбојкарски тим продолжува со подготовки во Скопје каде од 5 до 7 август ќе настапи на меморијалниот турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“ заедно со Бугарија и Швајцарија.  (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Правен ќор-сокак – „Зелен хуман град“ ќе стане партија

Следно

Интервју со првиот синдикалец Слободан Трендафилов

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop