Костадиновски на Конгрес во Букурешт: Силата на аргументите ја прават одлуката на Судот авторитетна

May 6, 2025
1 min read

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски учествува на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт Романија, каде што попладнево имаше свое обраќање. 

Костадиновски се обрати на Првата работната сесија со фокус на темата: Конституционална рамка на толкување на Уставот. Во неговиот говор го стави акцентот на „живиот конституционализам” и интерпретацијата на Уставот во современите општества. 

Претседателот на Уставниот суд во обраќањето ги истакна дилемите за толкувањето на Уставот низ призмата на две гледишта, т.н. „жив конституционализам” и оригинализмот, притоа нагласувајќи дека неговите сфаќања се поблиску до интерпретарција на Уставот преку еден од помодерните начини за толкување на уставот, односно „жив констутиционализам”.

„Дефиницијата за „жив Устав” е Устав што се менува како што се менуваат времињата. Имено, промените во општеството бараат адаптација, прилагодување на уставните вредности, принципи и норми на настанатите промени, без формална измена на уставниот текст. Оваа теорија е во допир со реалноста, и ваквиот пристап кон уставно судското толкување сам по себе се наметнува како нужен, неопходен и општествено оправдан. Силата на аргументите е таа која ја прави одлуката на Судот авторитетна, додека отсуството на аргументирана и образложена одлука донесена низ призмата на живиот конституционализам, само може да ги потврди стравувањата на оригиналистите, за „уставотворење од клупата”. Овие суштествени елементи, доведуваат до совршен правен ефект наречен „умерен жив конституционализам”, кој својот практичен ефект го има во општествените разбирања кои ги надминуваат уставните, изјави претседателот на Уставниот суд. 

Според претседателот Костадиновски, овој начин на толкување на уставните норми, во модерните општества им пркоси на предизвиците со кои се соочуваат уставните судии и е во насока на афирмирање на улогата уставни судии како чувари на Уставот, но и најповикани толкувачи на правната норма. 

На Когресот ќе се обратат претседателот на Уставниот суд на Романија, претседателите на Европскиот суд на правдата и на Европскиот суд за човекови права, претставници на Врховниот суд за касација и правда, претседателката на ACCF и други истакнати правници од европските судови и меѓународни организации.

Во работниот дел предвидено е членките на АCCF да дискутираат и да донесат одлуки за: тригодишниот извештај за етичките принципи, презентација на тригодишниот финансиски извештај, предлог за измени на Статутот и Деловникот за работа на ACCF, презентација на водичот „Етички принципи на уставниот судија“, предложен од ACCF- Гласање од страна на Генералното собрание, презентација на кандидатурите за членови на Бирото на ACCF за периодот 2025–2028, презентација на барањето за членство на Уставниот суд на Косово, презентација на тригодишната програма на ACCF за периодот 2025–2028 година.

Покрај претседателот д-р Костадиновски, дел од Делегацијата на Уставниот суд во Букурешт е и советникот на Судот Татјана Јањиќ- Тодорова.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре ќе се одржи дебата за важноста на независната сцена во услови на поларизација

Следно

Конгресменката Тлаиб ги обвини САД дека се „соучесници во геноцидот во Палестина“

Latest from Blog

ВЛЕН: ДУИ наместо граѓаните, ги штити своите функционери

Политичката коалиција ВЛЕН со остра реакција ја обвини Демократската унија за интеграција дека наместо да ги штити интересите на граѓаните, ги брани, како што велат, „криминалците блиски до раководството“. Во реакцијата се

МОСКВА ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ – Песков ја откри улогата на Русија во преговорите меѓу САД и Иран

Русија не учествува во преговорите меѓу САД и Иран, но е подготвена да помогне во постигнувањето мирно решение, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. – Во моментов, Руската Федерација не е

Трендафилов: Една минимална плата не е доволна ни за леб и вода

Една минимална плата не е доволна ни за леб и вода, коментира во објава на Фејсбук претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, откако ССМ денеска ја објави минималната синдикална
Go toTop