Костадиновска-Стојчевска: Новите иницијативи на Балканот се нови можности за посилна културна соработка со Црна Гора

March 1, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Maша Влаовиќ, на која се разговараше за досегашната и за идната соработка во областа на културата меѓу двете земји, како и за одличните релации во рамките на регионалната соработка.

Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ се согласија дека досегашната интензивна и плодотворна работа резултираше со голем број проекти и иницијативи во сите дејности на културата.

Задоволни сме од блискиот начин на кој соработуваат институциите, поединците и здруженијата од културата, особено во литературната и драмската дејност, како и на летните фестивали Охридско лето‘ и Котор арт. Уверена сум дека со денешното потпишување на новата Програма за соработка за периодот 2023 – 2026 година, ќе  овозможиме уште побогата институционална соработка, реципрочно користење на капацитетите на институциите, заеднички проекти и иницијативи, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.  

На средбата стана збор и за развивање програми за размена на млади луѓе од Европа, за презентација на културните традиции на земјите од каде што доаѓаат.

Во тој контекст, Костадиновска-Стојчевска го подвлече и значењето на иницијативата „Отворен Балкан“, која нуди големи можности за унапредување на соработката во областа на културата, и изрази  уверување дека Црна Гора наскоро и официјално ќе пристапи кон оваа иницијатива.

На средбата беше истакната и досегашната успешна соработка во рамките на Форумот на словенските култури, Советот на министри за култура од Југоисточна Европа, УНЕСКО и во други меѓународни организации. 

На крајот, Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ изразија задоволство што токму во годината кога нашата земја одбележува 60 години од скопскиот земјотрес, вечер во Музејот на современата уметност ќе биде отворена изложба на дела од творештвото на еден од највлијателните сликари на територијата на поранешна Југославија во децениите по Втората светска војна, Петар Лубарда.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Објавен моментот на сударот на возовите во Грција

Следно

Владата молчи, Собранието ги игнорира, а ЕУ само делумно одговара на прашањата што ги отвори необичното писмо на амбасадорот на Австрија

Latest from Blog

Манчестер Сити потврди дека капитенот си заминува

ФОТО:.facebook.com/mancity/ Капитенот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, кога ќе му истече актуелниот договор. Веста, која беше објавена во англиските и португалските медиуми пред неколку

Руската армија соопшти дека за три часа соборила 148 украински дронови

Руската армија соопшти дека во период од три часа нејзините сили за противвоздушна одбрана собориле вкупно 148 украински беспилотни летала, додека во делови од погодените области се работи на обновување на снабдувањето

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик

Со почеток во 12:30 часот денеска во Скопје ќе се одржи протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит, најави Министерството за внатрешни

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители

Јавна расправа по предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ќе се одржи денеска во Парламентот, во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која
Go toTop