Костадиновска – Стојчевска: Лажете, дојдете со копија од службената картица, ќе чешламе трошок по трошок на кој сакате медиум

August 26, 2024
1 min read

Пратеничката и поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска одржа прес конференција за, како што рече „да одоговрам лично и во живо на лагите на ВМРО ДПМНЕ“.

Еве што им порача Костадиновска Стојчевска на ВМРО-ДПМНЕ за нивните обвинувања дека ја злоупотребила службената картичка:

Увидовме дека имаат капацитет само за лаги и само за замајување. Толку е. За водење држава не. Денес стојам пред вас на оваа прес конференција затоа што најавија серијал за мене и за моето трошење.

Жалам што мојот две годишен мандат ВМРО ДПМНЕ се обидува да го извалка со лаги.

Еве ја вистината: Дел од трошоците кои ги презентираа се однесуваат на нужност да обезбедам основни услови за мое нормално функционирање на службено патување после лет на кој авио компанијата ми го изгуби багажот. И да, купив нови куфери од сопствена сметка и основни средства за службеното патување за да можам да патувам и да учествувам на состаноците во момент кога останав без багаж при патувањето во Лондон. Остантиот дел е тешка манипулација и целосна невистина.

Ама бидејќи се мајстори за изнесување лаги, го повикувам пратеникот Лефков, нека дојде со копија од мојата службена картица, ќе чешламе трошок по трошок  на кој сака медиум. Нека одбере тој време и медиум. Јас стојам на располагање! Ако има криминал во моето работење нека повелат да ми го симнат имунитетот, имаат можност за тоа, и ќе се појавам пред кој сакаат судија! Ако се утврди неправилност, грешката ќе ја признаам и парите веднаш ќе бидат рефундирани. Ако не, ВМРО Фалсификаторска ќе добие тужба и уште еднаш ќе биде потврдена како дезинформатор и маниулатор на македонскиот народ.

Јас сум жена, политичар и човек кој мрази лаги – затоа секогаш реагирам веднаш и со вистината.

Одвратно е ова што го прават, ама нема да паднам на нивното ниво. Тие нека продолжат со лаги, а јас со вистина.

Не најдоа никако да ме оцртнат, не им се допадна извештајот од ДЗР за моето работење, не им се допадна што никој не може да го “стигне” трошењето на Бети, па нејзините две другарки денови поминале на гугл да наоѓаат места низ светот и да фалсификуваат сметки.

Дали ова е страв од тоа што предметот за нивната омилена министерка уште не е затворен, па ги фатило паника кога пред неколку дена добиле барање од ОЈО да ги предадат извештаите од нејзините три службени картички? Дали им е страв дека ќе се види таму вистинскиот шопинг од 30.000 евра во Италија?

Да сумирам. Сите трошења за мои лични потреби биле реализирани исклучиво од моја лична приватна сметка.

А, сите трошења кои биле нужни за службеното патување, биле реализирани од службена картичка, исклучиво согласно актуелните правилници и норми.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ниту еден македонски универзитет не се најде меѓу најдобрите 1.000 на Шангајската листа и оваа година

Следно

Сиљановска Давкова ги прими членовите на хорот „Златно славејче“

Latest from Blog

Комерцијална банка и Гранит доминираа во прометот – МБИ10 со раст од 0,50%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 3 февруари 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,50% и достигна 10.167,09 поени, додека

Проданоски именува нови директори во две јавни претпријатија

Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски донесе одлука за кадровски промени во две јавни институции, со цел подобрување на нивното работење и поефикасно управување. За директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички

Коњановски: Заедничките иницијативи со Пустец носат конкретни придобивки

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА БИТОЛА И ПУСТЕЦ Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска имаа средба со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, кој е во посета на

Коњановски: Инфраструктурата, културата и животната средина се столбови на развојот на Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во интервју за неделникот „Јавност“ истакна дека во изминатиот период градот бележи видлив и конкретен напредок, кој граѓаните директно го чувствуваат во секојдневното живеење. Според него, обновата

Руте во посета на Киев

Првиот заменик-претседател на парламентот, Александар Корниенко, го најави говорот на Руте, истакнувајќи дека неговата посета покажува силна поддршка за Украина и испраќа јасна порака за единство. – Голема чест ми е што
Go toTop