Костадиноска Стојческа во Аргумент плус: Бугарија ги негира македонските малцинства, а од нас очекува да внесеме Бугари во Устав

April 11, 2025
1 min read

Поранешната министерка за култура, Бисера Костадиноска Стојческа во Аргумент плус рече дека за Бугарија секогаш е проблем да  се зборува за тоа дека немаат извршено ниту една од пресудите од судот за Човекови права во однос на македонските малцинства.

Според неа, тие како членка на Европска унија не почитуваат основни човекови права.  

„Бугарија е во топ 10 земји кои немаат изврешно ниту една од пресудите кои се однесуваат за можност за регистрација за македонските малцинства во Бугарија. Негираат дека постои малцинство во Бугарија. Тие ги оцрнуваат македонските здруженија и даваат дознаење дека не сакаат да ги признаат воопшто македонските малцинства. Таквата реторика дека Македонија и македонскиот народ не постои е застарена и веќе им смета на сите земји членки на ЕУ. Бугарија доби џокер пред 18 години и не знае да го искористи и ги негира човековите права а од нас бара да ги вметнеме во Устав“, рече Костадиноска Стојческа.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вардар се крена во финишот и го урна Охрид!

Следно

Политиките на ВРЕДИ: Се тресеше гората, ќе се роди ли глушец?

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop