Косовските и македонските туристи се најбројни во Албанија – земјата годинава веројатно ќе забележи рекорд

July 29, 2023
1 min read

Лани во Албанија имало над 7,5 милиони туристи, а годинава само во првите шест месеци нивниот број изнесувал 3,4 милиони што е за 33 отсто повеќе од 2022 година. Бројот на туристи од Северна Македонија во првата половина од годинава е речиси 300 000

Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Повеќе од сигурно е дека Албанија оваа година ќе забележи рекорд по бројот на туристи кои доаѓаат од сите делови на светот. Кон тоа упатуваат и податоците за првите шест месеци кои говорат земјата ја посетиле 3,4 милиони што за 33 отсто повеќе во споредба со првото полугодие од 2022 година.

Традиционално и годинава најбројни се косовските и македонските туристи – со 1,3 милиони односно 290 000 веднаш по нив се црногорските.

„Оваа година за одмор Албанија ја избрале и голем број туристи од Западна Европа, чиј број се зголеми по рекламите на престижните странски медиуми. Првото место го држат Германците со 117 000, а по нив се Британците со 80 000“,

јавува телевизијата „Топ чанел“.

По неколку десетици илјади има и од Србија, Грција, Италија, Шпанија, Франција.

Иако во помал број од минатите години сепак во Албанија имало и туристи од завојуваните Украина и Русија, 10 000 односно 8 000.

Минатата година во Албанија ја заокружи со повеќе од 7,5 милиони туристи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈО: Лицето кое го избоде навивачот на Левски е идентификувано, но е во бегство

Следно

Арда Ѓулар ги напушта подготовките на Реал и се враќа во Мадрид

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop