Косовскиот парламент не успеа да се конституира ниту по 45-ти пат

July 11, 2025
1 min read

Собранието на Косово ниту во 45-тиот обид не успеа да формира комисија за тајно гласање за избор на претседател на парламентот.

Од вкупно 93 присутни пратеници, само 49 гласаа за формирање на комисијата, што не беше доволно за усвојување на предлогот.

Пратеникот на Демократската партија на Косово, Абелард Тахири, реагираше откако претседавачот Авни Дехари ја повика најголемата опозициска партија да предложи член за комисијата. Пред неговиот микрофон да биде исклучен, Тахири изјави дека ова е 45-ти пат како Дехари „го прекршува Уставот на Косово“.

Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово, Екрем Хусени, му предложи на Дехари да се врати на дневниот ред и да ја почитува одлуката на Уставниот суд, додека пратеничката на Алијансата за иднината на Косово, Тиме Кадриај, оцени дека „се работи за намерна блокада на седницата“.

По прекинот на седницата, пратениците од трите опозициски партии останаа во собраниската сала во знак на протест, обвинувајќи ја победничката партија дека не ја спроведува пресудата на Уставниот суд.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одбележани три децении од геноцидот во Сребреница

Следно

МВР: Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир, две лица се обезбедени во полициска станица

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop