Косовски Србин осуден на 13 години затвор за воени злосторства во 1999 година

February 2, 2024
1 min read

Основниот суд на Приштина денеска го осуди косовскиот Србин, Душко Арсиќ на 13 години затвор за воени злосторства, кои, според обвинението, ги извршил во селото Бутовац за време на војната во Косово во февруари 1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Читајќи ја пресудата, Судскиот совет наведе дека од јануари до јуни 1999 година, Арсиќ, кој живеел во селото Матичан во близина на Бутовац, учествувал во насилното протерување и иселување на граѓаните на Приштина и околината, како и дека запрел малолетник и заедно со другите припадници на паравоените единици го малтретирал.

Според досието на обвинителството, групата во која членувал Арсиќ во февруари истата година, првично ранила и убила неколку жртви, меѓу кои и лицето Брахим Шала, кој бил убиен со автоматска пушка, а потоа му наредиле на тогаш 15-годишен Артан Красниќи, да го носи на грб неговото тело.

Арсиќ е обвинет дека, како дел од српската полиција и паравоените групи, „физички и психички го малтретирал, го удирал по грбот, го пцуел и го третирал како терорист“ малолетниот Красниќи, кој денеска беше присутен во судницата за време на изрекувањето на пресудата.

Најавувајќи жалба на пресудата, адвокатот на Арсиќ, Небојша Влајиќ изјави дека не ја очекувал, но и не е изненаден од казната што на неговиот клиент му ја изрече судскиот совет во Приштина.

– Мислам дека по денешното објавување на пресудата и најдобронамерните набљудувачи ги загубија илузиите за демократскиот капацитет на косовското судство. Косовското правосудство едноставно ја убедува јавноста со секоја наредна пресуда дека не е во состојба да спроведе правична постапка, рече тој.

Арсиќ е уапсен на граничниот премин Јариње, меѓу Косово и Србија, во декември 2021 година и од тогаш е во притвор во Подујево.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Регистрирани седум случаи на голема кашлица, а се шири и грипот

Следно

Нов Зеланд најави дополнителни 5 милиони долари хуманитарна помош за Палестина

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop