Косовски полицаец е убиен утринава на северот од земјата, премиерот Курти ја обвини Србија за нападот

September 24, 2023
1 min read

Наредник од косовската полиција утринава е убиен во селото Бањско во Лепосавиќ, а уште еден полицаец е ранет во напад од непознати маскирани лица кој се случил околу три часот по полноќ, јавуваат косовските медиуми

Косовската претседателка Вјоса Османи, по убиството на полицаецот ја прекина посетата на САД и изјави дека веднаш ќе се врати назад во Косово

Косовскиот премиер Албин Курти извести дека косовската полиција била цел на напад на засега непознати маскирани лица. Во нападот во близина на Лепосавиќ, бил убиен полициски наредник, а ранет уште еден граничен полицаец. Според Курти, истрелите од огнено оружје продолжиле и во раните утрински часови.

„Денеска околу три часот по полноќ во селото Бањско во Лепосавиќ е нападната косовската полиција, при што еден косовски полицаец е убиен, а друг е повреден. Убиениот е полицаец со чин наредник, додека повредениот е припадник на граничната полиција. Во овој момент продолжува пукањето од огнено оружје од различен калибар кон нашата полиција. Напаѓачите се професионалци со маски и вооружени со тешко оружје“,

вели Курти.

Тој ја обвини Србија дека е директна одговорна за овој терористички напад со кој, според него е направен директен напад против косовската држава.

„Организираниот криминал со политичка, финансиска и логистичка поддршка од официјален Белград ја напаѓа нашата држава. Во оваа битка го штитиме и спроведуваме законот, ги штитиме и чуваме сите граѓани без разлика и независно Косово. Извршителите и нивните наредбодавачи нема да успеат, ќе бидат фатени, судени и казнети. Владата на Република Косово и државните институции се подготвени и координирани да одговорат на криминалот и криминалците, теророт и терористите“,

пишува Курти.

Повредениот полицаец е надвор од животна опасност, и се очекува да закрепне целосно.

Како резултат на нападот на косовските полицајци, претседателката Вјоса Османи која се наоѓа во посета на САД, ја прекина посетата и најави дека веднаш ќе се врати назад во земјата. За нападот, кажа дека е испланиран, оркестриран и изведен од српските криминални банди и дека со вакви инциденти се покажува дестабилизирачката моќ на криминалните банди кои се организирани од Србија.

„Нападите врз силите на редот на Република Косово се напади против суверенитетот на Република Косово. Очекувам сојузниците да ја осудат отворената агресија на Србија кон Косово и да го поддржат Косово во нашите напори за воспоставување на ред и да го зачуваме суверенитетот на секој дел од Републиката“, 

изјави Османи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блумберг ќе му става крај на јагленот

Следно

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop