Блумберг ќе му става крај на јагленот

September 24, 2023
1 min read

Бизнисменот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, е последниот од милијардерите кој ќе се фаќа во костец  со климата, вложувајќи големи пари на тој предизвик.

Неговата филантропска организација на Loomberg објави дека ќе вложи 500 милиони долари за да ги затвори сите постоечки капацитети за јаглен во САД и да спречи изградба на идни постројки за природен гас.

Апелот звучи анти-индустриски, но Блумберг тврди дека ќе тоа „турбо“ ќе го наполни  еколошкиот напредок.

Конкретните цели се:

– Да му се стави крај на јагленот. 372 од 530 ископи на јаглен во САД најавија датуми до кога ќе затворат. Ама треба сите.

– Да се преполови капацитетот на гасните постројки и дa се блокира секаква изградба на нови.

– Да се зголеми чистата енергија на  САД за четири пати.

Милијардерот порано се занимаваше со разни забрани: забрана за стиропор, забрана за пушење, забрана за транс-масти, ограничување на засладените пијалоци.

Сега газираните пијачки и маснотиите се аут, климата е ин.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува третиот Скопски поетски фестивал

Следно

Косовски полицаец е убиен утринава на северот од земјата, премиерот Курти ја обвини Србија за нападот

Latest from Blog

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се

УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго
Go toTop