Косовската претседателка Османи се сретна со министерот за национална одбрана на Туркије, Ѓулер

October 17, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го прими на средба министерот за национална одбрана на Туркије, Јашар Ѓулер, кој реализира официјална посета на Косово, пренесува Анадолу.

Според соопштението на Претседателскиот кабинет, Османи му честитала на Ѓулер за функцијата министер во Република Туркије, и се заблагодарила на Туркије и особено на претседателот Реџеп Таип Ердоган за континуираната поддршка за Косово.

„На средбата со министерот се разговараше за соработката во областа на одбраната, со посебен акцент на обуката на Косовските безбедносни сили (ФСК) и за интензивираната размена со цел унапредување на општата соработка во областа на безбедноста“, се наведува во соопштението.

Министерот Ѓулер ја потврди непоколебливата поддршка за Косово.

Тој изрази благодарност до Косово особено за солидарноста и помошта што Косово ѝ ја понуди на Туркије по разорниот земјотрес.

„На средбата, претседателката Османи зборуваше и за актуелната безбедносна состојба на Косово, како и за актот на агресија и терористичкиот напад од Србија што се случи на 24 септември во Република Косово, во кој случај истакна дека гаранцијата и заштитата на безбедноста во земјата се приоритет“, се нагласува во соопштението.

Османи ја потврди подготвеноста и важноста за соработка со сојузниците во оваа насока.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски за случувањата на „Онколоија“: Станува збор за грозоморен и монструозен скандал кој еволуира во моментот кога КАТО системот не е ставен во функција

Следно

Лидерите на САД, Египет, Палестина и Јордан ќе се состанат во Аман за да дискутираат за случувањата во Газа

Latest from Blog

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима
Go toTop