Косовската полиција проверува пет локации во северниот дел на земјата поврзани со нападот во Бањска

September 29, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Косовската полиција соопшти дека врши проверки на пет различни локации во северниот дел на територијата на Косово, кои се поврзани со нападот врз косовската полиција во селото Бањска во Звечан на 24 септември, пренесува Анадолу.

„Денес, на 29.9.2023 година, косовската полиција ја спроведува наредбата на надлежниот суд за проверки на пет локации во три општини на северот на Косово. Овие операции се спроведуваат во врска со неодамнешните настани што се случија во селото Бањска“, се наведува во соопштението на полицијата.

Како што соопшти полицијата, полициската акција продолжува од надлежните единици на косовската полиција во присуство на обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово.

„Во оваа прилика косовската полиција ги известува граѓаните дека не треба да се грижат. Овие контролни наредби се спроведуваат во координација со ЕУЛЕКС и КФОР“, се наведува во соопштението.

На 24 септември, во раните утрински часови, по напад на тешко вооружена група од над 30 лица кон единицата на косовската полиција, околу 3 часот по полноќ беше убиен полицаецот Африм Буњаку.

Шефовите на државните институции на Косово го сметаат српскиот претседател Александар Вучиќ за одговорен за нападот што се случи во Бањска врз полициската единица.

Нападот врз косовската полиција го осудија и Европската Унија и САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали Абрамс тенковите ќе го сменат фронтот?

Следно

Вархеји: Во наредните недели ЕУ ќе претстави нов начин на размислување за проширувањето

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop