Косово: Сѐ уште присутни трагите од вооружената пресметка во Бањска

September 27, 2023
1 min read

ЗВЕЧАН (АА) – Патот што води до селото Бањска во Звечан е пуштен за сообраќај, четврти ден по вооружената пресметка на косовската полиција со тешко вооружена група од над 30 лица, јавува Анадолу.

Припадниците на специјалната единица на косовската полиција и неколку оклопни возила и понатаму остануваат околу манастирот во Бањска и низ улиците на селото.

Трагите од вооружената пресметка во која животот го загуби полицаецот Африм Буњаку утрото на 24 септември сѐ уште се присутни во и околу манастирот во Бањска.

На влезот на селото се наоѓа оштетениот камион што првично се користел како блокада на патот и кој го оставила косовската полиција.

Во близина на манастирот, во еден од објектите на ова место, сѐ уште се оставени пијалаците што ги користела групата што ги нападна полициските единици, а малку подолу се забележани чаури.

Портпаролот на косовската полиција за регионот на Митровица, Ветон Елшани, изјави дека за жителите на Бањска сообраќајот бил отворен еден ден по нападот, но со зголемена контрола, додека од денес се пуштени повеќе мерки за сообраќајот.

„Во следните денови специјализираните единици сигурно ќе го проверат овој планински дел околу манастирот за да бараат неексплодирани експлозивни направи што можеби ги има“, нагласи Елшани.

Косовскиот премиер Албин Курти на владината седница изјави дека вооружената терористичка и криминална група поседува оружје вредно над пет милиони евра.

Тој рече дека случајот во Бањска докажал дека е потребна уште поголема соработка на Косово со меѓународните фактори за заштита на границата со Србија.

Косово ја смета Србија за директно одговорна за нападот што се случи во Бањска врз полициската единица.

Нападот врз косовската полиција го осудија и Европската Унија и САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајден француски државјанин, кој во Франција бил пријавен за исчезнат

Следно

Министрите за надворешни работи на Туркије и Узбекистан присуствуваа на заеднички стратегиски состанок

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop