Косово: Полицијата ги блокира патиштата до селото Бањска, продолжува да се слушаат истрели

September 24, 2023
1 min read

ЗВЕЧАН (АА) – Полицијата на Косово ги блокира патиштата кои водат до селото Бањска во Звечан, каде во раните утрински часови денес е убиен полицискиот службеник Африм Буњаку, а граничниот полицаец Албан Рашити е ранет, пренесува Анадолу.

Како што информираат косовските медиуми, во селото Бањска кое го блокира полицијата на Косово, и понатака се слушаат рафални истрели.

На новинарите кои известуваат од местото на настанот наредено им е да се тргнат на безбедно.

На теренот се и возила на КФОР, ЕУЛЕКС и нивните амбулантни возила.

Медиумите во Приштина известуваат дека се сомневаат дека напаѓачите се затворени во манастирот во Бањска.

Во меѓувреме започна состанокот на Советот за безбедност на Косово, а се очекува и обраќање на косовскиот премиер Албин Курти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје ќе се одржи министерска конференција на Западен Балкан за квалитет во високото образование

Следно

Курти: Во Бањска има околу 30 тешко вооружени лица кои дошле во Косово да се борат

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop