Косово ќе прими уште украински новинари и членови на нивните семејства

August 14, 2024
1 min read

Владата на Косово одлучи да го зголеми бројот на украинските новинари и нивните блиски семејства на кои им обезбедува привремено сместување во земјата, како последица на војната во Украина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Владата на премиерот Албин Курти денеска ја одобри измената на одлуката од 2022 година за зголемување на бројот на украински новинари што им нуди привремено сместување.

– Ќе се зголеми бројот на украински новинари, вклучително и блиски членови на нивните семејства, на кои Република Косово ќе им обезбеди привремена заштита, рече Курти на седницата на Владата.

Во 2022 година, Владата донесе одлука да угости 20 украински новинари. Се верува дека досега во Косово се засолнети 13 украински новинари.

Блерим Гашани, заменик-министер за внатрешни работи, изнесе детали за вдомувањето на украинските новинари, но не кажа за колку ќе се зголеми нивниот број.

– Косово продолжува да покажува меѓународна солидарност за заштита на човековите права обезбедувајќи привремена заштита на украинските новинари и нивните семејства загрозени од војната во Украина. Ќе се обезбеди привремена заштита согласно законот за азил и ќе има важност веднаш, од денот на влегувањето во сила на оваа одлука, рече Гашани.

Тој нагласи дека засолнетите од Украина за време на престојот во Косово ќе бидат обврзани да го почитуваат косовското законодавство и ќе ги уживаат сите права што им ги гарантира тоа законодавство.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„На Скопје му фали генералка“ – Скопските градоначалници ги бараат Комунална хигиена и Паркови и зеленила

Следно

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци в петок и сабота во Скопје

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните
Go toTop