Косово е отворено за можноста за нови избори во општините со мнозинско српско население

June 6, 2023
1 min read

Говорејќи во оваа насока, министерка за надворешни работи на Косово, Доника Гервала-Шварц, рече дека прекинот на насилството е првиот услов за косовските власти да почнат да размислуваат за нови избори во општините со мнозиско српско население

Косово е отворено за можноста за нови избори во четирите општини со мнозинско српско население на северот на Косово по настанатите немири, но пред тоа треба да се преземат други чекори, изјави во вторникот косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц.

Фoто: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Говорејќи по средбата со чешкиот министер за надворешни работи во Прага, Гервала-Шварц рече дека прекинот на насилството е првиот услов за косовските власти да почнат да размислуваат за нови избори.

„Отворени сме за нови избори во четирите општини, но за да дојдеме до нив потребно е да се преземат други чекори“,

рече таа.

Шефицата на косовската дипломатија додаде дека на Косово му е потребна „посветеност од Србија дека нема да им се заканува на Србите во Косово да не учествуваат на изборите“, додавајќи дека луѓето не треба да чувствуваат закана од насилство.

Одржувањето на нови локални избори во општините со мнозинско српско население во Косово е барањето кое САД и Европската Унија го упатија до Приштина по избивањето на тензиите на северот на Косово.

Немирите настанаа откако косовските власти поставија новите градоначалници, етнички Албанци, во општините со мнозинско српско население откако беа избрани со излезност од само 3,5 проценти, што, пак, ги налути Србите кои се мнозинство во регионот и кои ги бојкотираа локалните избори.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ по состанокот со Ескобар и Лајчак: Време е Косово да ги исполни своите обврски

Следно

Милан го отпушти легендарниот Паоло Малдини

Latest from Blog

Угостителите побарале пролонгирање на Законот против пушењето, идната недела средба со Дурмиши и Алиу

Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд. Како што информира денеска  министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши,

Муцунски од Дубаи: Македонија е клучна точка каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Светскиот самит за влади во Дубаи, каде говореше на панел-дискусијата посветена на новиот логистички поредок. Муцунски ја истакна стратешката позиција

Министерството за енергетика: Воведуваме ред таму каде што СДСМ остави хаос

СДСМ грубо манипулира за да го сокрие фактот дека нивните долгови го кочат развојот – конечно воведуваме ред таму каде што владееше хаос  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најостро и

Андоновски оствари средби со технолошки лидери на почетокот на посетата на САД

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата
Go toTop